fbpx

Во Турција по обидот за пуч, сменети речиси 3.000 судии

-

Турските власти сменија од должност 2.745 судии по неуспешниот обид за државен удар од страна на дел од војската.

Ова го објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на соопштение од Високиот совет на судии и на обвинители.

Од должност се сменети и пет членови на Советот, кој е највисоко судско тело во Турција, објави државната новинска агенција „Анадолија“.

„Анадолија“ објави и дека поранешниот командант на воздухопловните сили, генералот Акин Озтурк, и шефот на Одделението за поддршка и за обука, генералот Метин Ијидил, ќе бидат обвинети за велепредавство.
Обвинителството во Анкара поведе процес пторив Озтурк и Ијидил.

Тие ќе се најдат пред суд поради обвинение за велепредавство, предводење пуч, негово планирање и реализирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...