fbpx

МВР: Вработените во МВР и на боледување земаат цела плата

-

Вработените во МВР и кога се на боледување, земаат плата во цел износ, а Оливер Спасовски уште еднаш покажа елементарно непознавање на законските прописи што се однесуваат на вработените во Министерството за внатрешни работи, се вели во реакцијата на МВР на денешната прес-конференција на Спасовски.

„Покрај елементарното непознавање на прописите, ќе го потсетиме дека самиот е осомничен за кривично дело неизвршување на судска одлука. Наместо да креира афери, треба да даде отчет пред јавноста за незаконските распоредувања и за грубото кршење на одредбите од Законот за внатрешни работи, во кој е утврден системот на кариера. Оливер Спасовски денеска со обидот за груба манипулација на јавноста покажа дека тој и неговата партија имаат намера да продолжат да ги разоруваат институциите, во овој случај со незаконски располагања со лични податоци, злоупотребувајќи ги во политички цели“, се вели во соопштението на МВР.

Од министерството додаваат дека Спасовски ќе остане запаметен како најкатастрофалниот министер за внатрешни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...