fbpx

Во недела марш за поголеми права на самохраните мајки и нивните деца

-

Организацијата „Една може“ го организира првиот протестен марш во историјата на Македонија посветен на самохраните мајки. Оттаму ги повикуваат сите оние кои сакаат да ги поддржат на 13-ти февруари во недела од 13 часот, со првична собирна локација од паркот „Жена борец“ во Скопје. Учесниците ќе се движат регулирано до Министерството за труд и социјална политика.

„Со ова сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Со задоволство ве покануваме сите, без разлика дали сте самохрани родители, разведени партнери, индивидуи, поддржувачи, млади и возрасни, новинари и репортери, вработени и невработени, јавни личности и политичари. Темата за самохраните и еднородителските семејства не смее да биде табу. Не повеќе“, стои во соопштението од „Една може“.

Тие бараат да се зголеми социјалната помош, детскиот и образовниот додаток да постои за сите деца од еднородителски семејства, а бараат и социјалните центри да постапуваат согласно законските правила кога се одлучува кому ќе му припадне детето и по која основа.

„Една може“ бара од Министерството за труд и социјална политика да ги дефинира термините „самохран родител“ и „еднородителско семејство“ во соодветните закони на соодветен начин. Бараат да им се помогне на самохраните мајки да им се реши станбеното прашање, преку давање на социјални станови или преку давање на станбени кредити без камата и без учество, а исто така и да се создадат механизми за квалитетно вработување на самохраните мајки.

„Во државата нема архив на еднородителски семејства, самохрани мајки и деца кои користат услуги на Центарот за социјални работи. Потребно е да се проценат потребите на самохраните мајки и да им се помогне. Потребна им е интервенција во кризни состојби, психосоцијална поддршка и правно советување, а исто така и згрижување на децата во попладневни часови, како и зајакнување на жените и на децата преку пристап до обуки, тренинзи, семејно и родителско советувалиште“, стои во препораките на организацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...