fbpx
Таг: самохрани родители

таг: самохрани родители

УГД распиша оглас за студенти од еднородителски семејства за плаќање половина од партиципацијата

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип објави Интерен оглас за студенти од ранливи категории и студенти чие родителско право го врши само еден родител за стекнување со погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за академската 2022/2023 година. Право на учество на огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии...

Младите на „Една може“: Студентите од самохрани семејства сѐ уште не можат да студираат со намалена школарина

Повеќе од 300 студенти од самохрани и еднородителски семејства сѐ уште немаат законска основа за олеснување на студентскиот живот преку пониска студентска партиципација, реагираат Младите на „Една може“ иако беше најавено дека тоа ќе се случи. „Од нив, 289 студенти потекнуваат од самохрани семејства, додека пак 20 студенти од разведени семејства или невенчани партнери, кои за жал не се видливи...

Проблемот со младите бездомници во Македонија го надминува капацитетот на социјалните услуги

„Организација за домување и станари“ (ОДС) во соработка со Цивика Мобилитас неодамна изработи и промовираше ново истражување насловено како „Младите лица и домувањето“, во кое се анализира и темата за младите лица без живеалиште што живеат во Република Северна Македонија. Станува збор за испитувања што досега немаат добиено генерална видливост, односно се анализираат скриеното и потенцијалното кои покрај јавното, постојат...

Самохраните мајки и еднородителските семејства на протест: „Не сакаме сожалување, сакаме права“

Дефинирање на термините „самохран родител“ и „еднородителско семејство“ во соодветните закони на соодветно инклузивен начин, решавање на станбеното прашање и квалитетно вработување на самохраните родители, како и зголемување на учеството на жените-самохрани мајки во општеството преку квоти, се дел од барањата кои беа упатени на првиот протестен марш во историјата на Северна Македонија посветен на самохраните родители. Во организација на...

Во недела марш за поголеми права на самохраните мајки и нивните деца

Организацијата „Една може“ го организира првиот протестен марш во историјата на Македонија посветен на самохраните мајки. Оттаму ги повикуваат сите оние кои сакаат да ги поддржат на 13-ти февруари во недела од 13 часот, со првична собирна локација од паркот „Жена борец“ во Скопје. Учесниците ќе се движат регулирано до Министерството за труд и социјална политика. „Со ова сакаме да...

Универзитетите сѐ уште не знаат колкава школарина ќе плаќаат студентите со самохрани родители

Студентите со самохрани родители сè уште не знаат дали ќе треба да плаќаат целосна школарина во претстојната учебна година. Конкретен одговор за ова прашање нема ниту од државните универзитети. Ова се само дел од анонимните коментари и искуства на студентите од оваа категорија: „Кога започнав со факултет бев дете на самохран родител и плаќав целосна партиципација во приватна квота. Пред една...

По реакциите во јавноста, студентите со самохрани родители повторно ќе плаќаат пониска партиципација на сите факултети на УКИМ

По реакциите на граѓанската организација „Младите на Една Може“ (One Can - Youth) и објавата дека студентите од еднородителски и самохрани семејства се изоставени како категорија при упис на дел од факултетите, од Универзитетското студентско собрание на УКИМ соопштија дека студентите од оваа група повторно ќе ги имаат поволностите на намалување на партиципацијата и школарината. Од таму велат дека надлежните...

Студентите од самохрани и еднородителски семејства изоставени како категорија при упис на дел од факултетите

Студентите од самохрани и еднородителски семејства се изоставени од сегментот на специјални околности при упис на некои факултети на дел од македонските универзитети, со што им е одземена можноста да плаќаат пониска партиципација.  Ова го утврдиле од „Младите на Една може“ (One Can - Youth), за што реагираа на социјалните мрежи. Од таму забележуваат дека при упис на универзитетите во...

Младите на „Една може!“ во борба против неправдите и стигмата кон децата од еднородителски семејства

Младите на Една може!
Неодамна започна да функционира подмладокот на организацијата „Една може!“, која претставува прва и единствена граѓанска организација за унапредување на правата на еднородителските семејства, во најголема мера на самохраните мајки. Иако не се знае колкав е точниот број на самохрани родители во државата, во оваа организација се регистрирани околу 5.000 членови. Дел од самохраните родители добиваат помош и поддршка од...

Родители на 14.555 деца досега покажале интерес за прием на нивните деца во градинка

Од вкупниот капацитет на детските градинки од 19.000 деца, досега родителите на 14.555 деца покажале интерес нивните деца да посетуваат градинки, покажуваат податоците на Министерството за труд и социјална политика. Министерката Јагода Шахпаска денеска изјави дека дел од родителите што ги пријавиле децата, изминатата недела не ги носеле во градинка. Од тие причини, ова министерство упати допис до градинките...

Спасовски најави економски мерки и професионализација на полицијата

Техничкиот премиер во заминување Оливер Спасовски на денешната прес-конференција оцени дека преодната влада во овој деветмесечен мандат успешно одговорила на предизвиците. На тој начин, додаде Спасовски, таа направила пат за новата влада со полн мандат да ги води државата и граѓаните напред. „Јас сум уверен дека во личностите кои се предложени за министри постои сериозен капацитет за општествено одговорни лица,...

Некои категории вработени и понатаму ќе седат дома, моловите ќе работат до 22 часот

Владата на својата вечерашна седница донесе одлука по престанувањето на вонредната состојба да остане на сила мерката за ослободување од работните обврски на родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои...

МТСП: Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за сместување на дете во детска градинка. Тоа е овозможено со измените на Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација...

СДСМ: Флексибилно работно време за самохраните родители

Во првите шест месеци од формирањето на новата Влада, законски ќе го обезбедиме правото на флексибилно работно време за самохраните родители, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму додаваат дека, самохраните родители сега се принудени да земаат боледување или ден од одмор ако имаат обврски околу нивните деца, бидејки нема кој да им помогне. - Со флексибилното работно време тие полесно ќе ги планираат своите...

Самохраните мајки формираа здружение „Една може“

Самохрани мајки заедно со нивните деца, денеска излегоа на првата активност на здружението на еднородителски семејни заедници „Една може“, во Паркот на франкофонијата во Скопје. Дора Пачкова, членка на ова здружение, ги истакна различните проблеми со кои се соочуваат децата што живеат со еден родител. Од здружението велат дека на креативен начин ќе ја претставуваат индивидуалноста на нивните деца. Во врска со алиментацијата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...