fbpx

Во ковид центрите се лекуваат 1.581 пациент од ковид-19, има 260 слободни болнички кревети

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 1.581 и има околу 260 слободни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според извештаите добиени во последните 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 89, во Штип 60, на инфективното одделение во Тетово има 39, во Велес 76 болни, а во Куманово 156 лица. Во ковид центарот во Охрид се на лекување 103 пациенти, во Прилеп 126, во Гостивар 36, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица лежат 85 пациенти, во Кочани 37, во Кичево 23, во Кавадарци 65, а во Гевгелија 19 лица.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 77 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно 654 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели. На Интерните и на хируршките клиники имало 44 приеми. Во ГОБ „8 Септември“ се примени 14 пациенти, 15 на Инфективната клиника, во Козле еден, а 3 нови пациенти на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 75 оздравени лица.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 304 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 142 болни, на Клиниката за инфективни болести 147, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39, на Клиниката за детски болести се 8 деца, а на ГАК има 7 позитивни пациентки. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 86 слободни места. Се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените, да се ослободат и дополнителни места, информираат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...