fbpx

Внимавајте каде аплицирате за ЕТИАС, Фронтекс предупредува за 50 различни веб страници

„Патниците ќе можат да ги поднесуваат своите апликации за ЕТИАС исклучиво преку официјалната веб-страница, соопштуваат од ФРОНТЕКС, додавајќи дека пријавувањето ќе чини 7 евра, а сите дополнителни трошоци ќе одат кај посредниците

-

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) ги предупредува граѓаните дека постојат 50 различни веб страници на Системот за информации за патување и овластување на ЕУ (ЕТИАС) кои се на повеќе јазици, при што не сите се безбедни за користење за граѓаните. Како што е познато, ЕТИАС ќе стартува во 2024 година и ќе важи и за македонските државјани кои планираат да патуваат во ЕУ.

„Со EТИАС, од патниците без визи ќе се бара да аплицираат за одобрение за патување пред да го остварат своето патување во Европа. Системот ќе изврши скрининг пред патување на овие патници за да утврди дали претставуваат ризик за безбедноста, илегалната имиграција или јавното здравје, со што дополнително ќе ја зајакне внатрешната безбедност на ЕУ“, стои во соопштението на ФРОНТЕКС.

ФРОНТЕКС во моментов ја поддржува Европската комисија во подготовката на јавна информативна кампања за ЕТИАС, која се очекува да биде лансирана шест месеци пред системот да стапи во функција. Сепак, од ФРОНТЕКС препорачуваат користење на официјалната веб-страница на ETIAS: europa.eu/etias, каде на патниците им се нудат информации за новите барања, процесот на аплицирање, жалбите и други релевантни теми.

„Патниците ќе можат да ги поднесуваат своите апликации за ETIAS исклучиво преку оваа официјална веб-страница откако системот ќе стане оперативен“, соопштуваат од ФРОНТЕКС, додавајќи дека пријавувањето на официјалната веб-страница ќе чини 7 евра и сите дополнителни трошоци ќе одат кај посредниците.

Притоа, од ФРОНТЕКС ги потсетуваат граѓаните дека европската регулатива во однос на ЕТИАС им дозволува на комерцијални посредници да аплицираат за издавање на ваквото одобрение за патување во име на други. Меѓутоа, бидејќи процесот на аплицирање ќе бара од патниците да достават детали за податоците за нивниот пасош, бројот на кредитна картичка и други лични податоци, важно е да се осигура дека таквите чувствителни информации не се злоупотребуваат од трети лица.

Откако ќе биде лансиран ЕТИАС, комерцијалните посредници исто така ќе мора да ја користат официјалната веб-страница на ЕТИАС за да аплицираат за одобрение за патување во име на нивните клиенти.

„Важно е патниците да размислат кому ги даваат своите лични податоци и колку се подготвени да платат како додаток на таксата за апликација. Важно е патниците да одвојат време и внимателно да ги проценат овие фактори“, изјави Франсоа Ларуел, директор на ЕТИАС во рамките на Фронтекс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...