ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Апелација за одземените пасоши не кореспондираат со реалноста

-

Одлуките на Апелацискиот суд, со кои не се вратија патните исправи на лицата што се политички гонети од Специјалното јавно обвинителство, се конформистички и не кореспондираат со реалноста, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Орце Ѓоѓиевски, член на централниот комитет на партијата денеска пред Апелацискиот суд Скопје изјави дека „одлуките се донесени повеќе како компромис“.

– За да не изгледа дека судот ги отфрлил само апсурдните барања на СЈО за притвори и за поригорозни мерки, тој ги отфрла и жалбите на одбраната за враќање на патните исправи, односно за укинување на мерките за обезбедување. Реална опасност за бегство нема. Судот не треба да потклекнува под политичкиот притисок на СДС или, пак, под канонадата на разни неосновани барања на СЈО – рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека судот своите одлуки треба да ги носи исклучиво според Уставот и законите и дека „мерките за претпазливост и за обезбедување присуство кои СЈО од почетокот на своите истраги до денес ги побара за раководството на ВМРО-ДПМНЕ се крајно неосновани“.

– Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се политичари со изграден лик и почит помеѓу граѓаните, но и во широките меѓународни кругови, каде уживаат голем углед граден со години. Тие поради природата на својата работа имаат чести патувања и ако сакале досега да избегаат, тоа можеле да го сторат безброј пати. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема сторено ниту едно кривично дело и затоа нема потреба од бегство. ВМРО-ДПМНЕ верува во органите на правосудниот систем и во принципите на владеење на правото и секогаш ќе биде достапно пред тие органи – рече Ѓорѓиевски.

Масивна експлозија на тест-локација во Тексас пред проба на вселенско летало од проектот на Илон Маск

Доцна синоќа, околу 23:00 часот по централно американско време, силна експлозија ја потресе тест-локацијата „Маси“ на SpaceX во Тексас, непосредно пред планираното статичко тестирање на прототипот „Ship 36“ од новата генерација...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

Масивна експлозија на тест-локација во Тексас пред проба на вселенско летало од проектот на Илон Маск

Доцна синоќа, околу 23:00 часот по централно американско време, силна експлозија ја потресе тест-локацијата „Маси“ на SpaceX во Тексас, непосредно пред планираното статичко тестирање на прототипот „Ship 36“ од...