вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Апелациски суд | 79 резултати

Апелација го врати случајот за малиот Алмир на повторно судење

8 јануари 2019

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ. Адвокатите сè уште не ја знаат причината за укинување на случајот, бидејќи се уште не ја добиле одлуката. – Сè уште ја немаме добиено одлуката […]

Јанакиески тврди дека не планирал да бега, СЈО вели дека притворот е законит

26 ноември 2018

Ниту сум планирал да бегам, ниту ќе бегам, рече ексминистерот Миле Јанакиески во Апелацискиот суд во Скопје каде што се одржа јавна седница по жалбата за мерката притворот која му ја определи Судот на барање на СЈО. Тој посочи дека една година и 4 месеци редовно се јавувал во судот и воопшто нема констатација дека […]

Во понеделник јавни седници во Апелација за притворите на Јанакиески и Божиновски

23 ноември 2018

Во Апелацискиот суд Скопје во понеделник ќе се одржат две јавни седници за притворите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Јанакиевски е обвинет во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство, а Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е обвинет во случајот „Титаник”. Двајцата […]

ОЈО Скопје ја отфрли пријавата против 10 судии за бегството на Грујевски и Бошковски

26 октомври 2018

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека ја отфрлило кривичната пријава поднесена од Здружението за истражување, развој и анализа „Зелена лупа“ против десет судии, со која тие се товареа за злоупотреба на службената положба и овластување. „Зелена лупа“, чиј претседател е Ване Цветанов, поранешниот прв човек на Управата за спречување перење пари, поднесе кривични пријави за […]

Груевски наскоро ќе добие упат за затвор, пресудата од Апелација стаса во Кривичен суд

19 октомври 2018

Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска соопшти дека ја добиле второстепената пресуда од Апелациски суд Скопје за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцедесот“ вреден речиси 600.000 евра. Од судот велат дека пресудата од Апелација ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да […]

Апелација ја потврди казната од 2 години затвор за Груевски за „мерцедесот“

5 октомври 2018

Скопскиот Апелациски суд на својот веб-сајт денеска ја објави одлуката со која се отфрлаат жалбите на Никола Груевски за неговата двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“, за набавката на скапиот луксузен „мерцедес“ вреден речиси 600.000 евра. „Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда […]

Апелација на роденденот на Груевски решава за пресудата за „Тенк“

31 август 2018

Во Апелациски суд – Скопје за денеска е закажана јавна седница по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата од две години затвор во случајот „Тенк”, за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес”. Инаку, на Груевски денеска му е роденден – полни 48 години. Јавна седница требаше да се одржува вчера, но Груевски и неговиот […]

Апелацискиот суд Штип изрече нов притвор за градоначалникот на Ново Село

30 јули 2018

Апелацискиот суд суд во Штип ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство Струмица на укинувањето на мерката притвор за градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, и останатите осудени и им изрече притвор до правосилноста на пресудата. Во средата Основниот суд во Струмица го осуди актуелниот градоначалник на Ново Село на година и пол затвор, а […]

Апелација ја потврди условната казна за Ивона Талеска за затајување данок

18 јули 2018

Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди условната затворска казна на Ивона Талеска, новинарка од телевизија „Сител“ за затајување данок во случајот на СЈО „Тифани“. „Апелациониот суд во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“, по одржана јавна седница, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела […]

ЗНМ бара судовите да применуваат, а не да толкуваат закони

5 јули 2018

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани на средба со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, побарал судот во најскоро време да ја разгледа иницијативата на Здружението, со која се бара Апелацискиот суд во Скопје да ги процесуира тужбите за клевета против онлајн медиуми согласно практиката на апелациските судови во Битола и […]

Апелација ги замени условните казни со затворски за тепачите од Собранието

2 јули 2018

Скопскиот Апелациски суд ги преиначил во затворски првите девет условни казни за насилство во Собранието на 27 април 2017 година, јави Алсат М. Девет обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите истиот месец им пресуди условни казни. По жалбите на Обвинителството, Апелација условните ги преиначи […]

Апелација донела одлука во корист на Беса на Африм Гаши

8 јуни 2018

Апелациониот суд донел одлука во корист на крилото на Беса предводено од Африм Гаши, од каде што велат дека правдата, конечно, се вратила и дека се потврдило дека Движењето Беса им припаѓа на своите основачи. – Апелациониот суд донесе одлука елаборирана на пет страници за поништување на првостепената судска одлука и предметот да се врати […]

Суд во Албанија пресуди во корист на новинари тужени од богат судија

1 јуни 2018

Суд во Тирана ги отфрли обвинувањата за „морална повреда“ на судијата на Апелацискиот суд, Ѓин Ѓони и неговата сопруга, кои ја тужеа БИРН Албанија и новинарите на оваа мрежа, јави БИРН. По неколку одлагања, вчера судот во Тирана донесе ослободителна пресуда во процесот што судијата и неговата жена-бизнисменка го почнаа поради известувањето на БИРН за […]

Заев: Ме местеа за поткуп за да ги спречат „бомбите“

30 април 2018

Ме местеа за ги спречат „бомбите“, рече премиерот Зоран Заев, кој е обвинет за случајот „Поткуп“, по денешното судско рочиште во Основен суд Скопје 1.  Тој смета дека најверојатно станува збор за пазерање со одредени политички структури за да биде спречено објавувањето на „бомбите“. Откако на почетокот на денешното рочиште судијата Дарко Тодоровски соопшти дека […]

Врховен и Апелација одлучија да не се изземат судиите во „ТНТ“ и „Насилство“

27 април 2018

Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд Скопје, Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано. Решението преку Апелациски суд Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1. […]

Лидија Димчевска назначена за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје

14 март 2018

Судијката Лидија Димчевска, е назначена за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, а досегашната претседателка Лилјана Шопова заминува в пензија. Димчевска има 31 година судиски стаж. Членовите на Судскиот совет на денешната седница исто така одлучиле новинарите да бидат отстранети кога ќе се зборува за извештајот за злоупотребите со АКМИС-от во Основниот суд Скопје 1 и во Врховниот […]

Владо Јовановски заминува во куќен притвор, Мукоски останува во „Шутка“

22 февруари 2018

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на актерот Владо Јовановски и му ја ја замени мерката притвор во истражен затвор, со мерка куќен притвор. Пратеникот Крсто Мукоски, чии жалби денеска ги разгледуваше Апелација, останува во притвор. Второстепениот суд го одби негово барање притворот да му биде заменет со куќен притвор. Тој пред […]

Пратеникот Сашо Василевски останува во притвор

22 февруари 2018

Пратеникот Сашо Василевски, шефот на обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, началникот во МВР, Душко Лазаров и началникот на посебните и специјалните единици на МВР, Митко Пешов остануваат во притвор, откако Апелацискиот суд им ги одби жалбите и ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Апелацискиот суд Скопје денеска треба да ги разгледува […]

Судењето за „Тортура“ треба да почне на 28 февруари, но се чека на Апелација

13 февруари 2018

Кривичниот суд Скопје за 28 февруари го закажа првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на СЈО, во кој на шестмина припадници на единицата „Алфа“ ќе им се суди за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“ во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје. Предметот, како што може […]

Заев дојде на „Поткуп“, судењето одложено за 26 февруари, обвинителот бил на службен пат

29 јануари 2018

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кое обвинет е премиерот Зоран Заев, се одложи за 26 февруари, бидејќи не беше присутен обвинителот Владимир Милошевски. Тој, како што соопшти судијата Дарко Тодоров, во петокот го известил судот дека поради оправдани причини, односно службено патување, нема да може да присуствува на рочиштето. Во Основниот суд Скопје 1 […]

Страна 1 од 4