недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Апелациски суд | 79 резултати

Демократскиот сојуз бара ново судење на обвинетите во случајот „Шпион“

септември 5, 2016

Демократскиот сојуз бара повторно судење на 18 обвинети во случајот „Шпион“, бидејќи на тој начин, како што велат од партијата, ќе можат да се преоценат доказите и обвинувањата во целина. „Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го презеде случајот „Шпион“ и сигурно за тоа има и правна основа, но и цврсти докази и сомнежи дека Јавното обвинителство […]

СЈО побара намалување на казните на осудените во „Шпион“

септември 2, 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешната јавна седница во Апелацискиот суд ги одби како неосновани најголем дел од жалбите поднесени од 18 обвинети и нивните адвокати на пресудата на Кривичниот суд за случајот „Шпион“. Обвинителката на СЈО, Елизабета Јосифовска, која го застапува предметот и го образложи ставот на Специјалното јавно обвинителство, рече дека ги прифаќаат […]

Талески се чувствувал „супериорно“ и потпишувал документи од притвор

август 18, 2016

Немам сторено никакво кривично дело, не се чувствувам виновен и сметам дека не е коректно врз основа на еден телефонски разговор што го водат „некои двајца луѓе“ да се прават вакви конструкции. Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“ по јавната седница во Апелацискиот суд, во врска со […]

Талески дојде на јавната седница во Апелацискиот суд

август 18, 2016

Осомничениот градоначалник на Битола, Владимир Талески во придружба на полиција дојде на денешната јавна седница на Апелацискиот суд. Од Специјалното јавно обвинителство во судот е присутен обвинителот Трајче Пеливанов, а од одбраната на Талески, адвокатите Никола Додевски и Војо Тасевски. На денешната седница во Апелациониот суд ќе се разгледува одлуката за куќниот притвор на Талески. […]

Кривичниот суд има 477 стари нерешени предмети, најстариот е од 1998 година

јули 12, 2016

Во Основниот суд Скопје 1, во одделите за кривично полнолетни, кривично малолетни и Одделението за организиран криминал и корупција, има вкупно 477 стари нерешени предмети, постари од две години, а најстариот е од 1998 година, покажала последната анализа направена во јуни годинава, соопштија денеска од судот. Судии од Апелацискиот суд, кои на почетокот на април биле во […]

Касапов: На Битола мора да ѝ се случи „Владимир Талески ексит“

јуни 30, 2016

По одлуката на Апелацискиот суд во Скопје градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да остане во куќен притвор, денеска советниците од ЛДП и од опозицијата во Општина Битола поднесоа барање на следната седница на Советот, која треба да се одржи во јули, на дневен ред да се стави точка со која на Талески ќе му се препорача […]

ВМРО-ДПМНЕ: Политичката хајка не ја наруши душевната состојба на Талески

јуни 30, 2016

Политичката хајка против градоначалникот на Битола, Владимир Талески, не ја наруши неговата здравствена и душевна состојба, потврдува Борче Димитровски, првиот човек на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. На денешната прес-конференција, запрашан за физичкото и за психичкото здравје на Талески, Димитровски вели дека е во постојан контакт со него и дека според разговорите што ги […]

Апелација одлучи: Талески останува во куќен притвор

јуни 29, 2016

Апелацискиот суд донел одлука градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен во случајот „Транспортер“ што го води Специјалното јавно обвинителство, да остане во куќен притвор, информираат од Основниот суд Скопје 1. „Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат […]

Апелациja денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Талески

јуни 27, 2016

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, поднесена од неговите адвокати, потврдија за „Мета“ од судот. Како што инфоромираат оттаму, седницата е закажана за денеска во 14 часот. Разгледувањето на предметот за Талески на јавна седница, велат од Апелацискиот суд, било на барање […]

Предметот за куќниот притвор на Талески испратен во Апелација

јуни 22, 2016

Кривичниот суд денеска го испратил до Апелацискиот суд предметот за куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. – Предметот е комплетиран и доставен до Апелацискиот суд – ни изјави портпаролката на судот, Паула Божиновска. За […]

Судот чека доказ дека Талески го добил решението за куќен притвор

јуни 21, 2016

Кривичниот суд сè уште не го испратил предметот за битолскиот градоначалник Владимир Талески до Апелацискиот суд, иако, според најавите од судот, тоа требаше да се случи уште вчера. Од Основниот суд Скопје 1 велат дека жалбата на одбраната на Талески не е доставена бидејќи предметот сè уште не бил комплетиран. „Се чекаат доставници од битолската […]

Апелацискиот суд му го продолжи притворот на Захир Бекири – Чауш

јуни 14, 2016

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и му го продолжил притворот на Захир Беќири, познат како Чауш, кој на 31 мај годинава беше осуден на две и полгодишна затворска казна за фалсификување исправа и за нелегално поседување оружје. Второстепниот суд, како што информираат од Основниот суд Скопје 1, истовремено ја одбил […]

Заев: Иванов со незаконската аболиција ни го одзеде правото на правично судење

мај 3, 2016

Опозицијата поднела жалба на постапките кои се резултат на „незаконската и неуставна аболиција“ од претседателот на државата Ѓорге Иванов, а со кои се оневозможува правото на правично судење, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред Основниот суд Скопје 1, каде денеска требаше да се одржи рочиштето за случајот „Пуч“. Заев рече дека ќе продолжи со […]

Апелацискиот суд го укина ослободувањето, Тренкоски пак ќе оди на суд

април 5, 2016

Апелацискиот суд – Скопје, по разгледувањето на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, донел одлука со која го укинал ослободувањето од обвинение на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Георги Тренковски, и на Весна Огненоска и предметот го вратил на повторно судење, соопшти денеска Основниот суд – Скопје 1. Според упатствата на Апелација, повтореното […]

Апелацискиот суд му даде условна казна на Дејан Ставриќ

февруари 8, 2016

Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по жалба за случајот со докторот Дејан Ставриќ, ја потврдил првостепената пресуда на Кривичниот суд против лекарот, но ја преиначил во делот на висината на казната. Наместо една година ефективен затвор, Апелацискиот суд сега на Ставриќ му изрекол условна казна од една година, пренесува порталот „Академик“. „Наместо една година казна затвор, […]

Страна 4 од 4