fbpx

Панчевски го одби барањето на СЈО за изземање на судијката во „Трезор“

-

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува по предлогот на СЈО за одредување мерки на претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“.

Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на судијката поради околности што упатуваат на сомнеж во нејзината непристраност. Поточно, деверот на судијката, односно братот на нејзиниот сопруг, работи за фирма која е во блиски деловни односи со фирмата „Финзи“.

„Постапувајќи по барањето на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за изземање на судија на претходна постапка кој треба да одлучува по предлог на истото обвинителството за определување мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО познат како „Трезор“, претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое барањето се одбива бидејќи не се основани причините за изземање на судија кои СЈО ги навело во своето барање“, стои во соопштението од судот.

Бидејќи станува збор за изземање на судија на претходна постапка, СЈО има право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд.

Од Кривичниот суд додаваат дека жалбата на СЈО против одлуката на судијата на претходна постапка кој го одби барањето за одредување на притвор на еден од осомничените во „Трезор“ е доставена до страките во постапката и веднаш штом ќе бидат комплетирани списите за предметот, тој ќе биде даден на Кривичниот совет, кој треба да одлучува.

Засега нема информација од судот кога ќе биде одлучувано по барањето на СЈО за замрзнување на сметката на фирмата „Финзи“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...