петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Апелациски суд | 79 резултати

Шилегов: Со бегството, Грујовски и Бошковски ја потврдија оправданоста на одредениот притвор

јули 27, 2017

Смисленото бегство на Горан Грујовски и на Никола Бошковски, обвинети за тешки кривични дела, е доказ за нивниот страв од соочување со правдата и ги потврдува основаните сомневања за нивната вмешаност во делата за кои се товарат, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. – Со недостапноста на обвинетите се потврдија основаноста и оправданоста за […]

Распишана меѓународна потерница за Грујовски и за Бошковски

јули 27, 2017

Министерството за надворешни работи соопшти дека побарало од судот да се распише меѓународна потерница за Горан Грујовски и за Никола Бошковски откако попладнето Врховен суд ги потврди притворите од 30 дена за двајцата, но полицијата не успеа да ги пронајде. МВР денеска преку соопштение информираше дека по наредба од Апелацискиот суд, била распишана национална потерница […]

Врховен суд го потврди притворот за Грујовски и за Бошковски, Јакимовски останува без пасош

јули 26, 2017

Врховниот суд денеска ја одбил жалбата на бранителите  на поранешниот началник на петтата управа во МРВ, Горан Грујовски, и на неговиот соработник Никола Бошковски и ги потврдил решенијата од Апелацискиот суд Скопје за притвор од 30 дена за обајцата, се вели во соопштението. Петчлениот совет на Врховниот суд истовремено ја уважил жалбата на бранителите на […]

Одбиени жалбите во случајот „Тендери“, Канческа-Милевска останува без пасош

јули 25, 2017

Апелацискиот суд ги одби жалбите на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште две лица, како и на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Тендери“. Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд за Канческа-Милевска и за другите обвинети да им бидат одземени патните исправи и да се јавуваат во судот еднаш неделно. СЈО […]

Апелација одлучува за „Тендери“, Канческа-Милеска изненадена од барањето за притвор

јули 24, 2017

Навистина сум многу изненадена од мерките што ги бара СЈО бидејќи не постои причина, ниту најмала, што оди во насока на попречување на самата постапка, бидејќи секогаш уредно сум се јавувала на поканите на СЈО, изјави денеска поранешната министерка за култура и сегашна пратеничка, Елизабета Канческа-Милеска, по јавната седница во Апелацискиот суд. Ексминистерката е обвинета во […]

Апелација ги одби жалбите во случајот „Титаник“ – нема притвор за Груевски

јули 23, 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер, Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на експремиерот Груевски, сите обвинети во случајот „Титаник“, остануваат без пасошите, одлучи Апелацискиот суд Скопје. Информацијата ја потврдија од судот, а одлуката […]

Груевски во Апелација: Се подготвувам да победам на избори, не да бегам

јули 21, 2017

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Апелацискиот суд изјави дека се подготвува да победи на избори, а не да избега од земјава. Груевски во Апелацискиот суд, каде на јавна седница се разгледуваат жалбите на дел од обвинетите и жалбите на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“, дојде половина час порано, придружуван […]

Бубевски: Бараме притвор за Груевски за да обезбедиме негово присуство

јули 21, 2017

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, денеска побара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи, како што рече, само така може да се обезбеди негово присуство. Бубевски рече дека не може да му се достави покана на Груевски и дека лидерот на опозициската партија примил само една покана, на 6 април 2017 […]

Бубевски: Одложување на решение за притвор не постои никаде во светот, освен во Македонија

јули 19, 2017

Не постои пример во светот каде се одложува спроведувањето на судско решение со кое е определен притвор, освен во Македонија. Ова е оценката на обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, на ситуацијата во која Горан Грујовски (поранешен началник на петтата управа), Тони Јакимовски (поранешен шеф на кабинет на Сашо Мијалков) и Никола Бошковски (вработен […]

Советот на Врховниот суд што го ослободи Кочан треба да одлучува за притворите на Грујовски, Јакимовски и на Бошковски

јули 19, 2017

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и уште четворица судии треба да одлучуваат по жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на кои Апелацискиот суд Скопје вчера им одреди мерка притвор. Апелацискиот суд вчера соопшти дека ги прифатил жалбите на СЈО […]

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Апелација за одземените пасоши не кореспондираат со реалноста

јули 18, 2017

Одлуките на Апелацискиот суд, со кои не се вратија патните исправи на лицата што се политички гонети од Специјалното јавно обвинителство, се конформистички и не кореспондираат со реалноста, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓоѓиевски, член на централниот комитет на партијата денеска пред Апелацискиот суд Скопје изјави дека „одлуките се донесени повеќе како компромис“. – За да […]

Апелација почна да ги објавува одлуките – Ивона Талевска останува без пасош

јули 15, 2017

Жалбата за мерката на претпазливост која ѝ беше одредена на уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска, е одбиена и таа останува без патна исправа, стои во одлуката на Апелацискиот суд Скопје која беше денеска објавена на веб-страницата на судот. Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување во случајот на СЈО наречен „Тифани“. Нејзиниот пасош е […]

ВМРО-ДПМНЕ: Барањата од СЈО за притвори и одземање пасоши се политичка пресметка

јули 15, 2017

Преку две прес-конференции денеска ВМРО-ДПМНЕ ги оквалификува барањата за притвор од страна на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ се груб политички обид за притисок врз Апелациониот суд за тој да не ги поништи одлуките за одземање на патните исправи донесени во првостепена постапка. – Одлуките за одземање на патните исправи на дел од раководството на […]

ТЕ–ТО го доби спорот со „Топлификација“

јуни 13, 2017

Апелацискиот суд во Скопје донесе пресуда со која го одби тужбеното барање на „Топлификација“ АД за присилна наплата на побарувања врз основа на заеми, што „Топлификација“ АД ги дала на ТЕ-ТО АД, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Македонската берза за хартии од вредност. За овој предмет првостепениот суд еднаш донесе пресуда во корист […]

Грчкиот суд одлучи да се екстрадира пребеган македонски специјалец од „Диво Насеље“

мај 25, 2017

Грчкиот Врховен суд одлучи да се екстрадира македонскиот државјанин Дејан Вуковиќ, поранешен началник на антитерористичка единица на Македонија. Според информациите во Грција, за него има потерница во Македонија откако тој избегал од државата по неговото апсење за поседување бомба и марихуана во септември 2016 година. За конечната одлука за негова екстрадиција треба да одлучи грчкиот министер […]

Додевски: Судот незаконски издал наредба за притвор и потерница за Сеад Кочан

март 12, 2017

По 17.20 часот денеска, решението за притвор против Сеад Кочан ќе биде неважечко, ако не биде доставено до Апелациски суд. Судот незаконски, пред да стане правосилно решението за притвор против осомничениот Сеад Кочан, издал наредби за притворање и за издавање потерници, што претставува флагрантно прекршување на принципот на владеење на правото, вели адвокатот на Кочан, […]

Американскиот апелациски суд ја отфрли жалбата на Трамп

февруари 10, 2017

Американскиот федерален апелациски суд ја потврди претходната одлука со која забраната за влез во САД на граѓани од седум држави со мнозинско муслимански население се става надвор од сила. Со оваа потврда администрацијата на претседателот Доналд Трамп доби уште еден удар за помалку од еден месец откако ја презеде должноста, коментираат светските медиуми. Советот, кој го сочинуваат […]

СЈО ја обжали одлуката на судот „бомбите“ да не се користат против Груевски

февруари 3, 2017

Специјалното јавно обвинителество (СЈО) денеска поднело жалба до Апелацискиот суд во Скопје на одлуката на Кривичниот суд за издвојување на дел од доказите во обвинението за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, со кое СЈО ги гони лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, […]

Одбиени жалбите на СЈО за притворот во „Трезор“ и за судијката Петровска

октомври 7, 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го потврди решението на судијата на претходна постапка да не му биде одреден притвор на еден од осомничените во случајот „Трезор“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани […]

Панчевски го одби барањето на СЈО за изземање на судијката во „Трезор“

октомври 5, 2016

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува по предлогот на СЈО за одредување мерки на претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на судијката поради околности што упатуваат на […]

Страна 3 од 4