Апелација одлучи: Талески останува во куќен притвор

-

Апелацискиот суд донел одлука градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен во случајот „Транспортер“ што го води Специјалното јавно обвинителство, да остане во куќен притвор, информираат од Основниот суд Скопје 1.

„Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ со која се потврдува решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје, а со тоа мерката куќен притвор останува за истиот“, пишува во соопштението на судот.

Одбраната на Талески, адвокатите Никола Додевски и Боро Тасевски, како и обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Трајче Пеливанов, во понеделникот на јавна седница пред Кривичниот совет на Апелацискиот суд ги изложија аргументите за и против куќниот притвор што му е одреден на битолскиот градоначалник.

Адвокатот Додевски пред Кривичниот совет истакна дека барањето за притвор на СЈО не било засновано на докази од кои произлегува разумно сомневање за сторено кривично дело. Тој рече дека биле повредени одредбите од кривичната постапка од Европската конвенција за заштита на човековите права, како и правата на одбраната и на осомничениот во постапката.

Обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, истакна дека Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 правилно одлучил кога му определил куќен притвор на битолскиот градоначалник и тоа по сите основи.

Тој посочи дека жалбата на одбраната е неоснована и има потреба од притвор, бидејќи истражната постапка на СЈО сè уште е во тек и сè уште не се испрашани неколку лица, меѓу кои и градоначалникот Талески.

Талески и уште 22 осомничени се товарат за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...