fbpx
Таг: транспортер

таг: транспортер

Владата и владините служби нема да користат пластика за еднократна употреба

Владата на вчерашната седница во Куманово ја задолжила Службата за општи работи и услуги при набавките за потребите на премиерот, владата, министерствата и органите во нивни состав, секретаријатот и други стручни служби на владата и Уставниот суд да не набавува вода и други пијалаци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички за мешање на кафе и...

Нови судски рочишта за „Тотал“ и „Транспортер“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови судски рочишта за случаите „Тотал“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг”, „Тотал медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице. Набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема...

Почнува судењето на Канческа – Милевска за случајот „Тендери“ на СЈО

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа - Милевска, обвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Канческа-Милевска е обвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за речиси 54...

Одложено судењето за „Транспортер“, предметот бил во Апелација поради жалба

Судењето за случајот на СЈО „Транспортер“, во кој, првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески се одложува поради жалба, бидејќи предметот не е во Кривичниот суд. Судијката Добрила Кацарска, која го презеде предметот од Лидија Петровска, рече дека поради жалба нејзината колешка Петровска го дала предметот во Апелација и дека се уште не е вратен. Таа рече дека не...

Нов случај на злоупотреби со превоз на ученици во Битола

Директорот на средното училиште „Таки Даскало“ од Битола, во текот на учебната 2015/2016 исплатил повеќе пари на превозник отколку што реално требало и затоа доби кривична пријава од СВР Битола за злоупотреба на службената положба и овластување. Според полицијата В.Т.(52) од Битола, иако од благајникот му било предочено дека во пристигнатите фактури и списоци за превоз на ученици, бројот на...

Почна судењето за „Транспортер“, Талески тврди дека не работел криминално

„Постапката ќе ја истераме докрај и ќе докажеме дека во нашето работење нема криминал. Ако сме грешеле ние, тогаш грешеле сите општини во Македонија“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески, по денешното прво рочиште за случајот на СЈО, „Транспортер“, кое беше одложено бидејќи во судницата не беа присутни сите обвинети. Како што соопшти одбраната, обвинетата Јасмина Никиќ-Десановска имала сообраќајна несреќа на...

СЈО денеска со прес-конференција во 11 часот

Специјалното јавно обвинителство најави прес-конференција за денеска во 11 часот. „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“, се вели во најавата на СЈО на „Твитер“, во која, во согласност со досегашната практика, сите зборови се на буквата „т“. https://twitter.com/S_J_O_/status/844597535603933184 Специјалното јавно обвинителство на 28 февруари ја отвори истражната постапка „Труст“, за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на...

СЈО најави прес-конференција за утре во 11 часот

Специјалното јавно обвинителство најави прес-конференција за утре, (23 март), во 11 часот. „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“, се вели во најавата на СЈО на „Твитер“, во која, во согласност со досегашната практика, сите зборови се на буквата „т“.   https://twitter.com/S_J_O_/status/844597535603933184 Специјалното јавно обвинителство на 28 февруари ја отвори истражната постапка „Труст“, за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани...

Доцни тендерот за превоз на ученици во Битола

Пропадна обидот на Општина Битола и на градоначалникот Владимир Талески тендерот за школски превоз, наместо локалната власт, да го распише средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“. Училишниот одбор не ја прифати понудата, па како што тврди опозицијата, ќе се бара тендерот да го распише друго училиште. Според опозицијата, тендерот за бесплатниот школски превоз треба да го преземе Министерството за образование, поради...

Градоначалникот Талески се прошетал од Општината до Судот и уредно се пријавил

Битолскиот градоначаланик Владимир Талески денеска уредно се пријавил во Основиот суд во Битола со што ја испочитувал мерката за претпазливост дадена од Апелацискиот суд од Скопје по укинувањето на куќниот притвор. Портпаролот на Основиот суд во Битола, истражната судијка Милка Бизевска, за „Мета“ потврди дека Талески дошол и се пријавил во судот. Талески денеска првпат се појави и меѓу граѓаните. Вработени...

Собранието не одговара дали Талески смеел да потпишува службени документи

Собранието на Република Македонија го одби барањето на советничката на ВМРО-НП, Габриела Илиевска, да даде толкување на член 163 од Законот за кривична постапка во врска со тоа дали градоначалникот на Битола, Владимир Талески, имал право да потпишува службени докуметни од куќен притвор. „Немате право да барате автентично толкување на закон“, ѝ одговориле од Собранието, еден ден по укинувањето на тримесечниот...

Талески ќе биде на слобода додека трае жалбената постапка во Врховен суд

Специјалното јавно обвинителство ќе достави жалба до Врховниот суд по вчерашната одлука на Апелацискиот суд да не го прифати барањето на СЈО за продолжување на притворот на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и наместо тоа да му определи мерки за претпазливост - да се јавува во суд двапати неделно. - Постојат две решенија. Првото решение е за барањето на одбраната да се...

СЈО ќе поднесе жалба на одлуката на Апелацискиот суд за Талески

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе жалба oткако вчера Апелацискиот суд ја укина мерката куќен притвор за градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. Апелацискиот суд вчера ја уважи жалбата на одбраната на Талески и не му го продолжи куќниот притвор. Во одлуката беше наведено дека мерката куќен притвор се укинува, а се определува мерка на претпазливост. Талески доби обврска да се јавува...

Талески се чувствувал „супериорно“ и потпишувал документи од притвор

Немам сторено никакво кривично дело, не се чувствувам виновен и сметам дека не е коректно врз основа на еден телефонски разговор што го водат „некои двајца луѓе“ да се прават вакви конструкции. Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“ по јавната седница во Апелацискиот суд, во врска со продолжувањето на куќниот притвор. Тој...

Талески дојде на јавната седница во Апелацискиот суд

Осомничениот градоначалник на Битола, Владимир Талески во придружба на полиција дојде на денешната јавна седница на Апелацискиот суд. Од Специјалното јавно обвинителство во судот е присутен обвинителот Трајче Пеливанов, а од одбраната на Талески, адвокатите Никола Додевски и Војо Тасевски. На денешната седница во Апелациониот суд ќе се разгледува одлуката за куќниот притвор на Талески. Седницата се одржува на барање на...

Јавна седница во Апелација за притворот на Талески

Денеска во Апелациониот суд во Скопје ќе се одржи втора јавна седница на која ќе се разгледува одлуката за куќниот притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Седницата ќе се одржи на барање на одбраната која вложила жалба на продолжувањето на мерката куќен притвор. Талески веќе втор месец е во куќен притвор, но неодамна обвинителите од СЈО проверуваа дали извршува...

Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо (1)

Специјалното јавно обвинителство има нови докази во случајот со превоз на ученици, „Транспортер“, во кој првоосомничен е градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, брифираат од ова обвинителство за „Мета“. Според информациите до кои дојдовме, СЈО има испратено триесетина нови барања за увид во документацијата во училиштата во Битола, Министерството за финансии, осомничените превозници... Најголемите манипулации, според СЈО, се правени со тендерите...

СJO побара продолжување на куќниот притвор на Талески

По вчерашниот распит на битолскиот градоначалник Владимир Талески, Специјалното јавно обвинителство доставило барање до Кривичниот суд да му се продолжи куќниот притвор, потврдија за „Мета“ од СЈО. Притворот на Талески му истекува денеска, а му беше одреден како мерка на претпазливост на 16 јуни. Се очекува Кривичниот суд во текот на денот да се произнесе по барањето на СЈО. Градоначалникот Талески вчера...

Талески: Ова е наметната постапка

Станува збор за наметната постапка и не може врз основа на една снимка да се прави ваква политичка хајка, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески, по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) каде денеска беше на распит за случајот „Транспортер“. Во врска со тендерите за училишниот превоз во Битола, Талески рече дека постапките биле транспарентни и оти тоа ќе го докажат. Прашан околу...

Талески донесен на распит во СЈО

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, денеска, точно во 12 часот, со полициска придружба беше донесен во просториите на Специјалното јавно обвинителство, каде треба да даде исказ околу злоупотребите на школскиот превоз во Битола за кои е осомничен од СЈО. Талески влезе придружуван од неговиот адвокат Никола Додовски и не даде никаква изјава. Игнорирајќи ги новинарските прашања околу...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...