fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Политичката хајка не ја наруши душевната состојба на Талески

-

Политичката хајка против градоначалникот на Битола, Владимир Талески, не ја наруши неговата здравствена и душевна состојба, потврдува Борче Димитровски, првиот човек на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

На денешната прес-конференција, запрашан за физичкото и за психичкото здравје на Талески, Димитровски вели дека е во постојан контакт со него и дека според разговорите што ги воделе, негов впечаток е дека притворениот градоначалник се чувствува добро.

– На јавноста веќе одамна ѝ е јасно за што се работи. СДСМ, немајќи други начини демократски да се избори за доаѓање на власт, континуирано работи на дискредитација на владејачката партија на секаков начин, па дури и со политички диригирани хајки преку своите инструменти – рече Димитровски.

Опозициската ЛДП од Битола и денеска најави прес-конференција на која ќе побара оставка од Талески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...