fbpx

Апелацискиот суд му го продолжи притворот на Захир Бекири – Чауш

-

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и му го продолжил притворот на Захир Беќири, познат како Чауш, кој на 31 мај годинава беше осуден на две и полгодишна затворска казна за фалсификување исправа и за нелегално поседување оружје.

Второстепниот суд, како што информираат од Основниот суд Скопје 1, истовремено ја одбил жалбата на ОЈО Скопје и му го укинал притворот на братот на Захир Бекири, Имер Бекири, кој во истиот случај доби затворска казна од една година.

„Денеска од Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 е доставено решение со кое жалбата на ОЈО Скопје против решението на Основниот суд Скопје 1 против лицето З.Б. се уважува, а решението на судот се преиначува, со што мерката притвор против З.Б. се продолжува, сметано од 31 мај 2016 година, до правосилноста на пресудата.
Во однос на лицето И.Б., жалбата на ОЈО Скопје се одбива како неоснована, а решението на Основниот суд Скопје 1 се потврдува, со што за обвинетиот се укинува мерката притвор. Двете лица кои беа дел од предметот што го води овој суд К.бр.773/16 и беа осудени за повеќе кривични дела, по што судија по донесувањето на одлуката донесе решение и ја укина мерката притвор, а обвинителството вложи жалба на ова решение“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...