петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: мерки за претпазливост | 17 резултати

Пешевски и Латас остануваат без пасоши, Апелација досега ги одби сите жалби на СЈО

17 јули 2017

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, кој е обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, останува без пасош и со обврска еднаш неделно да се јавува во суд. Вака одлучил Апелацскиот суд Скопје по разгледувањето на жалбите на СЈО и на одбраната на Пешевски минатата недела. СЈО до Апелацискиот суд се жалеше на […]

Апелација сè уште ги чека жалбите од СЈО

6 јули 2017

Во Апелацискиот суд Скопје досега не пристигнала ниту една од жалбите на Специјалното јавно обвинителство и на одбраната на обвинетите на одлуките на кривичните совети за одбиените барања на СЈО за притвори и за мерки за претпазливост, велат за „Мета“ од второстепениот суд. Инаку, СЈО и обвинетите првин ги доставуваат жалбите до Основниот суд Скопје […]

Мијалков остана без пасош, одлуките за притворите во „Титаник“ – утре

2 јули 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 го отфрлија како неосновано и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е првообвинет во случаите „Трагет“ и „Тврдина“, што СЈО ги спои во едно обвинение. Бараната мерка притвор, како што соопшти денеска […]

И Канческа-Милевска и Пешевски останаа без пасоши, засега нема притвори

1 јули 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје ги одбија како неосновани барањата на Специјалното јавно обвинителство да им биде одредена мерка притвор на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. На Канческа-Милевска и на Пешевски, кои се обвинети во случаите „Тендери“ и „Траекторија“ на СЈО, судот наместо притвор […]

Канческа-Милевска денеска на распит во суд за случајот „Тендери“

28 октомври 2016

Двајцата осомничени во случајот „Тендери“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара да им бидат одземени пасошите и секоја недела да се јавуваат пред службено лице во судот, денеска се појавија на распит пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ извори од Кривичниот суд. Меѓу осомничените е и актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која е […]

Кривичен суд: Се прават спектакли со канењето на сослушување на осомничени од СЈО

25 октомври 2016

Во врска со повикувањето на сослушување на лица опфатени во истражни постапки на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во јавноста се прават спектакли, во кои судот, „респектирајќи го дигнитетот на судската власт“, нема да учествува, велат од Основниот суд Скопје 1. „Во однос на повеќе новинарски прашања што беа упатени до судот во врска со повикување на […]

Судот тактизира со распитот на осомничените во „Тендери“

21 октомври 2016

Неизвесно останува дали денеска ќе се одржи распитот на двајца од осомничените во случајот „Тендери“, за кои Специјалното јавно обвинителство уште вчера побарало од Кривичниот суд да им бидат одземени пасошите и секој ден да се јавуваат пред службено лице во судот. Според неофицијални информаци, судијата на претходна постапка кај кој е распределен предметот сè […]

СЈО побара да им се одземат пасошите на двајца осомничени од случајот „Тендери“

21 октомври 2016

Специјалното јавно обвинителство во текот на вчерашниот ден до Основниот суд Скопје поднело предлог на две осомничени лица од случајот „Тендери“ да им се одземат пасошите и секој вторник во 10 часот да се јавуваат кај службено лице во судот, информираат од обвинителството. Одземање на пасошите се бара затоа што постојат околности што упатуваат на тоа […]

Вештак под истрага на ОЈО за примање мито од 3.000 евра

12 октомври 2016

Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО) донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно вешто лице со лиценца за вршење вештачења од областа на финансиското работење, поради сомневање дека примило поткуп, кривично дело од чл. 357 од Кривичниот законик, информираа од ОЈО. Како што пишува во соопштението на обвинителството, вештото лице побарало и примило поткуп […]

Апелација го укина притворот за Талески, му наложи двапати неделно да се пријавува во суд

19 септември 2016

Наместо куќен притвор, со денешното решение на Апелацискиот суд, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, доби мерки за претпазливост, соопштија од Основниот суд Скопје 1. Талески двапати неделно, секој работен понеделник и петок, ќе треба да се пријавува кај овластено лице во Основниот суд Битола. „Апелацискиот суд Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот […]

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО и за другите осомничени во „Тврдина“

4 август 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и го потврдил решението на судијата на претходна постапка да не им одреди мерки на претпазливост на тројца од осомничените во случајот „Тврдина“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани […]

Нема мерки за претпазливост за лицата обвинети во „Тврдина“

1 август 2016

Судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост на лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С., обвинети во случајот „Тврдина“, соопштија од Кривичниот суд. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои […]

Судот им го укина притворот на Верушевски и на Лазаревски

29 декември 2015

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го укинал притворот на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Судот ја прифатил предложнета гаранција, како и предлогот на Специјалното обвинителство да им се забрани напуштање на живеалиштето, односно градот Скопје, и привремено да им се одземат патните […]

Страна 1 од 1