fbpx

Напладне Владата ќе ја одржи петнаесеттата седница

-

Во 12 часот, Владата ќе ја одржи петнаесеттата седница на чиј дневен ред се користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, состојбите и наредокот во процесот на европската интеграција и статусот на реализација на приоритетите на Македонија за влез во НАТО.

Освен тоа, точки на дневниот ред на владината седница се и статусот на реализацијата на Рамковниот договор, информација за постапување по обраќањата и по препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Македонија, органите на државната управа, други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот март – април 2017 година, информации и извештаи за меѓународни договори и олеснувања, годишни извештаи за работата на повеќе државни институции, како и за мислењата на Владата по предлози од Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...