fbpx

Владата за извештајот на „Репортери без граници“: Отвореноста и транспарентноста даваат резултати

-

Владата го поздрави напредокот на земјата на листата на медиумски слободи што секоја година ја прави организацијата „Репортери без граници“.

„По стагнацијата и падот на медиумските слободи во годините пред 2017, овој напредок е сигурен показател дека преземените мерки и активности во делот на концептот за отворена влада, преку подобрување на степенот на транспарентноста и преку демократизацијата на медиумскиот амбиент, ги дава неопходните резултати. Во насока на подобрување на слободата на медиумите, на предлог на Владата на РСМ се измени и член 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик од 5 февруари 2019 година, со што се отстрани обврската за Државната изборна комисија да врши мониторинг на електронските медиуми (порталите) за време на изборните процеси, што претставува позитивно решение во однос на укажувањата во извештајот“, се вели во соопштението од владата.

Од таму се уверени дека ситуацијата би била уште подобра, доколку опозицијата не го кочела усвојувањето на измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој поради кочењето со задоцнување помина во Собранието на РСМ во февруари оваа година.

„На односот на опозицијата укажува и наративниот извештај на „Репортери без граници“, во кој, исто така се констатира дека МРТВ сѐ уште „им служи на интересите на поранешната владејачка партија“, што наведува на заклучокот дека јавниот сервис мора да биде ослободен од какво било партиско-политичко влијание“, се додава во соопштението.

Владата информира дека останува посветена на ставот дека медиумските слободи се столб на демократијата и дека концептот отворена влада е сеопфатен само со напредок во медиумските слободи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...