Анкета: Граѓаните и натаму се многу незадоволни од работата на јавната администрација

-

Дури 44,4 отсто испитаници во новата анкета на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и на „ЕвроТинк“ – Центар за европски стратегии, како лоша ја оцениле работата на јавната администрација во земјава. Ова беше соопштено на денешната презентација на истражувањето на ставот на граѓаните за работата на административците.

Од анкетатата спроведена преку телефон во периодот 16 февруари – 7 март годинава со примерок од 1.202 испитаници (со маргина на грешка од +/-2,83%), се гледа и дека високообразованите, жителите на Скопскиот регион, како и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, имаат најнегативен став кон работата на јавната администрација.

Како добра, пак, работата на јавната администрација ја оцениле само 16,4 отсто од испитаниците. Погледнато по групи, највисоко мислење за јавната администација имаат симпатизерите на СДСМ и ДУИ, како и лицата со основно образование.

Полошо мислење за администрацијата имаат лицата кои економски лошо живеат.

Во поглед на сектори, граѓаните се најнезадоволни од услугите на локалните власти, односно општините, и како и од справувањето на полицијата со криминалот и од државното здравство. Најдобри оценки добило МВР во делот на патните и личните исправи и Сообраќајната полиција.

Генерално, кога станува збор за транспарентноста, брзината и квалитетот на услугите на јавната администрација, граѓаните главно сметаат дека проблем се неквалитетниот кадар, бавноста при давањето на услугите, нетранспарентноста и непрофесионалноста. Тоа се сведува на шетање по шалтери и тешко осознавање на постапките, како и непрофесионален однос и неуслужливост.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...