fbpx

Вкупно 1.708 ковид-пациенти се лекуваат низ болниците, има 338 слободни кревети

-

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, вклучително и во Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 338 празни болнички кревети во ковид центрите.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 152 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациент, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 105 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 121 во ковид центарот во Гостивар 46, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 29, во Кичево 30, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 61 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 704 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 20 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нови болни, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 47 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 83 слободни места во ковид центрите во Скопје, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...