fbpx

Вчерашната лидерска средба и денеска носи неусогласени ставови меѓу партиите

Од СДСМ велат дека има нови околности кои се повод за свикување на органите на нивната партија, додека од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека вчерашната лидерска средба била неуспешна

-

Водечките политички партии и денеска се расправаат за резултатите од вчерашната лидерска средба меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски. СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени и учество во влада за европска иднина, најавувајќи дека лидерот Димитар Ковачевски за утре свикал седници на Извршниот и Централниот одбор на партијата за да се разгледаат начинот и формата на која ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска соопшти дека по вчерашната средба имало нови околности на политичката сцена, кои се повод за свикување на органите на партијата.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ де факто го променија ставот, прифатија уставни измени и прифатија учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри. Дури и условот ДУИ да не биде дел експресно беше прифатен од страна на ДУИ, само да не се измислуваат нови и нови услови. Од друга страна прифатено е барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција. Барањето за избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада исто така е прифатено“, рече портпаролката на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска со коментар излезе меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски, кој рече дека нема да има влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и дека не го поддржуваат предлогот на премиерот Ковачевски.

„Предлогот на Ковачевски не беше прифатен заради тоа што предлогот од таа страна беше уставни измени да почнат, да се влезе во некоја т.н. широка Влада и да се завршат, а потоа да се оди на избори. Од наша страна уставни измени би можеле да бидат на некој начин опција или разгледувани воопшто, ако разгледуваме уставни измени при влезот на Македонија во ЕУ, тоа беше нашиот коментар на тој предлог“, вели Андоновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...