fbpx

В петок, културно-едукативен настан во организација на Здружението на граѓани Културно ехо

-

Меѓународното Здружение на граѓани Културно ехо Скопје, ќе реализира културно-едукативен настан во Домот на култура во Ѓорче Петров во петок во 20 часот. Тема на проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година), кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот.

„Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот“, соопштуваат од Кулурно ехо.

Како што оттаму најавуваат, ќе има проекција на интерактивен документарен филм кој ќе обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс, а која ќе трае 30 минути. Потоа ќе следува работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен, а ќе има и дискусија на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје“.

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ – Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро, со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...