среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: проекции | 29 резултати

МКЦ во среда слави 50-ти роденден: Бесплатни филмски проекции, свирки и изложби

декември 24, 2022

Домот на младите – 25 мај во среда, 28 декември слави 50 години од неговото основање. Денешниот Младински културен центар е основан во 1972 година, а по повод јубилејниот роденден, сите млади и постари љубители на уметноста се поканети на целодневната филмска, ликовна и музичка програма, која е бесплатна за посета. Во џебното кино на […]

Новите макроекономски проекции на Народна банка за годинава и за 2023 полоши отколку претходните

ноември 23, 2022

Новите макроекономски проекции на Народната банка (НБ) за годинава и за 2023 година се полоши отколку истите направени во април годинава, соопшти гувернерката на НБ, Анита Ангеловска-Бежоска. И предвидената инфлација во новите проекции е поголема од таа прогнозирана во априлската сесија на макроекономски проекции. Општо земено, најновите оцени за растот на македонската економија се понеповолни […]

В петок, културно-едукативен настан во организација на Здружението на граѓани Културно ехо

септември 21, 2022

Меѓународното Здружение на граѓани Културно ехо Скопје, ќе реализира културно-едукативен настан во Домот на култура во Ѓорче Петров во петок во 20 часот. Тема на проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година), кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. […]

Bо Кинотека ќе бидат прикажани трите филмови од серијалот „Кум“

септември 11, 2022

Во рамки на годинешната програма на Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50. годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола. Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани утрe (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), а проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот. Вечерва на програмата се филмовите „Корсет“ […]

Проекцијата на Народната банка за годинешната инфлација скокна од 2,2 на 3,1 проценти

ноември 9, 2021

Најавите за зголемување на процентот на инфлација се остварија на најновата седница на Советот на Народната банка, на која бил разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај за макроекономските проекции. Наместо досегашната проекција од 2,2 проценти, ревидирана е стапката на инфлација на 3,1 проценти до крајот на годинава, информираат од Народната банка на Република Северна Македонија […]

ЕБОР прогнозира економски раст за Северна Македонија од 4 проценти

јуни 29, 2021

Европска банка за обнова и развој ја зголеми прогнозата за економски раст на С. Македонија за оваа година на четири проценти, што е за еден отсто повеќе од проценката во септември 2020. Во Извештајот се вели дека закрепнување на економијата кое се очекува во 2021 година, е како резултат на закрепнувањето на извозот и приватната […]

Проекции на филмови за „Њу Ордер“ и Леонард Коен во Кинотека на 19 февруари

февруари 17, 2021

На 19 февруари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани два музички документарни филмови „Њу Ордер – Декади“ и „Мериен и Леонард Коен: Зборови за љубовта“ во рамките на настанот „Загревање“ на „Скопје Синема Сити“. „Загревање“ е полугодишен настан каде се прикажува избор на филмови од претходното издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“. Минатата година […]

НБРМ: Вакцинацијата за заштита од ковид-19 влева оптимизам, но сè уште постојат економски ризици

јануари 21, 2021

Здравствената криза имала поумерени негативни ефекти врз економската активност во последниот квартал во 2020 година во однос на претходниот и движењата во домашната економија се поповолни, покажуваат најновите макроекономски показатели на Народна банка. „Стапката на инфлација во домашната економија во 2020 година се задржа на ниско и стабилно ниво од 1,2 проценти што е речиси […]

Народна банка проектира пад на економијата од 4,9 проценти, наместо предвидениот од 3,5 во април

декември 7, 2020

Народната банка на Северна Македонија за 2020 година проектира пад на економијата од 4,9 проценти, наспроти предвидениот пад од 3,5 проценти во април, покажуваат најновите редовни макроекономски проекции. Народна банка изврши надолна ревизија на проекциите за развој на економијата поради послабите остварувања во првата половина на годината и оценките за побавно закрепнување во втората половина, […]

Бесими: Проекциите за БДП и јавниот долг се далеку полоши во однос на финансиската криза во 2009 година

октомври 1, 2020

На денешната средба со претставниците од Македонската банкарска асоцијација, министерот за финансии Фатмир Бесими оцени дека добро е што финансискиот сектор е стабилен во време на кризата што ја предизвика корона вирусот. Но, ситуацијата со економијата е сериозна, а за тоа според Бесими, најдобар показател се БДП и јавниот долг, чии проекции се далеку полоши во […]

Викендов бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ

јули 9, 2020

Младинскиот културен центар во Скопје на 10 и 11 јули ќе организира бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ. Проекциите почнуваат од 21 часот, а бројот на места е ограничен во согласност со мерките за заштита од ковид-19. „Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, Ве молиме грижете се за себе и другите. […]

Народна банка предвидува раст на економијата од 3,5 проценти

ноември 7, 2019

Народната банка во нејзината најнова проекција предвидува раст на економијата од 3,5 проценти, со понатамошно забрзување од 3,8 проценти во 2020 година и 4 проценти во 2021 и 2022 година. Ваквата динамика на раст беше очекувана и во априлскиот циклус проекции, а поголеми промени не се направени ниту кај очекуваните извори на растот. „Позитивен импулс […]

Народна банка очекува постепено забрзување на економскиот пораст следниот период

април 10, 2019

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 2,25 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на редовната седница. На седницата, исто така било констатирано дека, според податоците од првите два месеци, има поволни поместувања во економијата видливи преку забрзаниот раст на индустријата и трговијата, како и преку значителното забрзување на […]

НБРМ: Слаба приватна потрошувачка, пад на инвестициите и минимален пораст на БДП

јули 11, 2018

Домашниот бруто-производ (БДП) во првиот квартал на годината имал минимален раст, што е под проектираното движење, било констатирано на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка. Ваквата состојба, велат од НБРМ е одраз на послабиот раст на приватната потрошувачка и поголемиот пад на инвестициите. „Ваквите отстапувања создаваат и надолни ризици за проектираниот […]

Светска банка препорачува Владата да ги одложи ад хок зголемувањата на пензиите

ноември 16, 2017

Поради долготрајната политичка криза, Светската банка во редовниот есенски извештај за Западен Балкан проектира економскиот пораст на Македонија до крајот на годината да изнесува 1,5 отсто. Проекцијата за порастот за следната година е 3,2 проценти, а за 2019 година – 3,9 проценти, со очекување да закрепнат инвестициите и потрошувачката. Светска банка наведува дека приоритет за Македонија […]

Според германската војска, можно е ЕУ да се распадне до 2040 година

ноември 5, 2017

Европската Унија и западниот поредок би можеле да се урнат до 2040 година, се наведува во интерна студија на германската војска за развојот на настаните до 2040 година, која била чувана во строга тајност. Сепак, магазинот „Шпигл“ стасал до материјалите. Германската војска проценува дека распаѓањето на ЕУ и на западниот поредок се можна опција во […]

НБРМ: Проекцијата за домашниот бруто-производ ќе биде помалa од 2,5 проценти

октомври 12, 2017

По падот на економската активност на домашниот бруто-производ (БДП) во второто тримесечје, показателите за третиот квартал даваат различни сигнали, се вели во заклучокот по одржување на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка. – Поволни движења се забележуваат во градежниот сектор и во трговијата, а воедно поволни се и сигналите што ги даваат […]

Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

октомври 10, 2017

Од 12 до 14 октомври во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се одржи Фестивал на новиот германски филм, во соорганизација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ и на Амбасадата на Германија. Свеченото отворање е в четврток, во 20 часот, а на него ќе присуствуваат и претставници на Амбасадата на Германија. Ќе се прикажува филмот […]

Трет ден ќе се расправа за ребалансот на буџетот, седницата закажана во 11 часот

август 4, 2017

Денеска пратениците во Собранието трет ден ќе расправаат за ребалансот на буџетот, а пленарната седница ќе почне во 11 часот. Опозицијата ја обвинува власта дека со ребалансот на буџетот прави најголеми кратења во образованието и во здравството, дека се кратат капитални инвестиции и дека до крајот на годината не е предвидена реализација на ниту еден […]

ММФ ја намали прогнозата за пораст на економијата од 3,5 на 3,2 отсто

април 19, 2017

Меѓународниот монетарен фонд ги намали проекциите за пораст на македонската економија за 2017 година. Во најновата пролетна прогноза се предвидува пораст од 3,2 проценти, за разлика од есенската прогноза на ММФ која предвидуваше 3,5 отсто пораст. За следната година, ММФ предвидува пораст на економијата од 3,4 проценти, а во 2021 година – 3,8 проценти. Најновите економски […]

Страна 1 од 2