Bо Кинотека ќе бидат прикажани трите филмови од серијалот „Кум“

Фото: Скопје филм фестивал

Во рамки на годинешната програма на Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50. годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола. Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани утрe (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), а проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот.

Вечерва на програмата се филмовите „Корсет“ (од 20 часот) и „Римини“ во Кинотека. Во кафе киното „Котур“ од 19 часот е проекцијата на документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ и разговор со гостинката Александра Оленска.

Детален распоред на програмата на Скопје филм фестивал има на веб-страницата www.skopjefilmfestival.com.mk.