петок, 8 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: кинотека | 24 резултати

Одбележување на Меѓународниот Ден на толеранцијата

ноември 15, 2024

Вечерва во 19:00 часот во Кинотека на Северна Македонија, Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, годинава по осми пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранција -16 ноември, со настан под мото „Разноликоста е факт, прифакањето е чин“. Оваа тема ја третира различната сексуална ориентација и нивното прифаќање во нашето општество. Настанот е организиран со поддршка […]

Оркестар го придружи немиот филм „Уцена“ на Хичкок во Кино Милениум

септември 17, 2024

Вчеравечер во салата на Кино Милениум се одржа проекција на стар филм. Филмот беше толку стар, што доаѓа од времето пред да има звук во филмовите, кога движечките слики ги придружувала само музика. Но, наместо оваа музика да биде пуштена на звучниците, таа беше изведена во живо од оркестар, како што и порано се гледале […]

Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

септември 8, 2024

„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата на 10 септември ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија. Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на […]

Бошко Грујоски нов в.д. директор на Кинотека

јули 7, 2024

Изминатава недела Кинотеката доби нов в.д. директор, Бошко Грујоски, кој доаѓа на местото на претходниот в.д. директор Бојан Станишиќ. Грујоски повеќе од 15 години е дел од тимот на Кинотеката, и веќе бил на директорската позиција претходно, во периодот во 2016 и 2017 година. На менаџерската позиција доаѓа од Одделението за истражувачка, издавачка, библиотечна, меѓународна […]

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

април 26, 2024

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се доделува на филмски автори и работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Столе Попов е режисер, […]

На 3 ноември во Кинотека започнува недела на јапонски филм

октомври 26, 2023

На 3 ноември во 20 часот, по шеснаесетти пат ќе започне „Недела на јапонски филм“ во Кинотеката на Северна Македонија. Годинешната програма на јапонската филмска недела ќе обработува теми од секојдневните предизвици со кои се соочуваат претставници од различни демографски групи во јапонското општество. „Тоа ќе ѝ овозможи на публиката полесно да се идентификува и приближи […]

Бесплатно „Кино за млади“ в понеделник и вторник во Скопје

ноември 26, 2022

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија во рамки на проектот „Кино за млади“. Програмата почнува в понеделник во 12 часот со проекција на швајцарската драма „Атлас“ во режија на Николо Кастели. Утедента, исто така со почеток во 12 часот […]

Изложбата на фотографот Иван Блажев „Сето време е сето време“ поставена во Кинотека

септември 21, 2022

Во Галеријата на Кинотеката на Македонија синоќа беше поставена изложбата на фотографии „Сето време е сето време“ на фотографот Иван Блажев. Оваа изложба е заокружување на истоимениот циклус фотографии снимени во Дрезден во 2018 и 2020 година. Првично, избор од фотографиите беше прикажан во Скопје на изложбата „Дрезден: време/простор/лица“, како заедничко претставување на Иван Блажев, […]

Bо Кинотека ќе бидат прикажани трите филмови од серијалот „Кум“

септември 11, 2022

Во рамки на годинешната програма на Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50. годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола. Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани утрe (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), а проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот. Вечерва на програмата се филмовите „Корсет“ […]

Филмови за Том Вејтс и за Брајан Ино на „Скопје синема сити Chill Out“

август 23, 2021

Филмскиот фестивал „Скопје синема сити“ организира дводневен летен филмски настан, Chill Out, во отворениот простор на Кинотека на Македонија, в четврток и в петок ( 27 и 28 август). Настанот ќе се отвори со изложба на визуелниот уметник Стефан Шашков „Мешање звуци“, која е инспирирана од музиката на авангардните амбиент-музичари Брајан и Роџер Ино, Џон […]

Проекции на филмови за „Њу Ордер“ и Леонард Коен во Кинотека на 19 февруари

февруари 17, 2021

На 19 февруари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани два музички документарни филмови „Њу Ордер – Декади“ и „Мериен и Леонард Коен: Зборови за љубовта“ во рамките на настанот „Загревање“ на „Скопје Синема Сити“. „Загревање“ е полугодишен настан каде се прикажува избор на филмови од претходното издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“. Минатата година […]

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

октомври 1, 2020

Вториот филмски викенд во рамките на 6. издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе почне утре. Како и првиот викенд, така и овој ќе биде организиран во дворот на Кинотека на Северна Македонија. Утре со почеток од 19 часот, ќе бидат прикажани четири краткометражни македонски филмови, од кои три се […]

Отворено кино „Мирно лето“ во Кинотека со 12 филмски прикажувања до 17 август

јули 31, 2020

Кинотека на Северна Македонија организира отворено летно кино, на кое во периодот од 30 јули до 17 август ќе се одржат 12 филмски прикажувања за љубителите на седмата уметност. Во дворот во Кинотеката, во овој период ќе бидат прикажани филмовите „Убиството на светиот елен“, „Студена војна“, „Паразит“, „Павароти“, „Мирно лето“, „Каде припаѓаме?“, „Хронофобија“, „Тие“, „Битлси: […]

Летно кино во Кинотека ќе се одржи од 10 до 13 јули

јули 6, 2020

Од 10 до 13 јули, во дворот на Кинотека започнува летна кино програма, а првиот викенд ќе го одбележи Eвропскиот филмски предизвик (European Film Challenge), со селекција на четири современи европски филмови. Летното кино ќе се отвори на 10 јули во 21 часот, со проекција на македонскиот филм – добитник на престижната LUX Prize за […]

Награда „Златен објектив“ за Коле Ангеловски и Зорка Тодорова Младеновиќ

април 29, 2020

По повод својот роденден, Кинотеката секоја година го доделува „Златниот објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Овогодинешни добитници на наградата се актерот и режисер Коле Ангеловски и костимографката Зорка Тодорова-Младеновиќ. Наградите на Ангеловски и Тодорова-Младеновиќ ќе им бидат врачени кога ќе се […]

Списанието за филм „Кинопис“ e достапно онлајн

април 24, 2020

По повод 30 годишнината од излегувањето на првиот број на „Кинопис“ – списание за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности – Кинотеката на својата веб-страница ги направи достапни за јавноста досегашните броеви на ова списание. „Во овие 30 години во списанието, едноставно, не остана „негибнат“ ниту еден сегмент, ниту еден аспект од […]

Летната програма на Кинотека почнува со детски фестивал

јуни 1, 2015

Летната програма во Кинотека на Македонија почнува со филмскиот фестивал „Тинтири-минтири“, посветен на детските филмови, но и на филмови што ги изработиле деца, а ќе се одржува од 5 до 7 јуни. Во првите денови од јули, пак, во Кинотеката ќе се одржува „Скопје синема сити“ – фестивал на музички филмови. Ќе бидат прикажани шест документарци […]

„Чекајќи го мај“ го отвори четвртиот „Анимакс-фест Скопје“

декември 5, 2014

„Филмот „Чекајќи го мај“ (The Wait Of May) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси, во четвртокот го отвори четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс-фест Скопје“, што ќе се одржува до 6 декември во Кинотека на Македонија. Првиот фестивалски ден почна со утрински проекции на осум анимации за деца. Вечерта беше резервирана […]

Почнува „Бугарски филмски понеделник“ во Кинотека

ноември 15, 2014

Кинотека на Македонија в понеделник ќе го почне веќе традиционалниот „Бугарски филмски понеделник“. Од 17 ноември, следните три понеделници ќе бидат прикажувани филмови од современата бугарска филмска продукција. Циклусот почнува со комедијата „Живи легенди“ на режисерот Ники Илиев, кој заедно со Сања Борисова е во една од главните улоги. На проекцијата ќе присуствуваат Ники Илиев и […]

Недела на израелски филм во Кинотека на Македонија

ноември 6, 2014

Неделата на израелски филм во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена в недела, а од понеделник, публиката ќе може да ги проследи петте филмови од овој циклус: „Посета на оркестарот“, „Стројникот“, „Летото на Авија“ и Скршено стакло“. Неделата на израелски филм ќе заврши со филмот „Ноќва“. Ова е прво вакво претставување на израелската кинематографија во Кинотека, од каде […]

Страна 1 од 1