Бесплатно „Кино за млади“ в понеделник и вторник во Скопје

ИЛУСТРАЦИЈА: Узенгија Филмс

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија во рамки на проектот „Кино за млади“.

Програмата почнува в понеделник во 12 часот со проекција на швајцарската драма „Атлас“ во режија на Николо Кастели.

Утедента, исто така со почеток во 12 часот ќе, се прикажува италијанско-белгискиот трилер „Смената„ во режија на Александро Тонда.

Проектот „Кино за млади“ е во организација на дистрибутерската куќа Узенгија, а се реализира со поддршка од Град Скопје.