Летната програма во Кинотека на Македонија почнува со филмскиот фестивал „Тинтири-минтири“, посветен на детските филмови, но и на филмови што ги изработиле деца, а ќе се одржува од 5 до 7 јуни.

Во првите денови од јули, пак, во Кинотеката ќе се одржува „Скопје синема сити“ – фестивал на музички филмови. Ќе бидат прикажани шест документарци кои се однесуваат на популарната музика, меѓу кои и македонскиот „Уметници за жици“ во режија на Александар Јанковиќ и на Александар Даутовски.