fbpx

Според германската војска, можно е ЕУ да се распадне до 2040 година

-

Европската Унија и западниот поредок би можеле да се урнат до 2040 година, се наведува во интерна студија на германската војска за развојот на настаните до 2040 година, која била чувана во строга тајност. Сепак, магазинот „Шпигл“ стасал до материјалите.

Германската војска проценува дека распаѓањето на ЕУ и на западниот поредок се можна опција во следните неколку децении, односно до 2040 година.

Во документ од 102 страници, насловен „Стратешка перспектива 2040“, кој кон крајот на февруари оваа година го усвоило Министерството за одбрана и оттогаш се чува во тајност, Бундесверот разгледува како општествените трендови и меѓународни конфликти би можеле да влијаат врз безбедносната политика на Германија во следните децении, пишува „Шпигл“.

Студијата обработува шест можни сценарија од кои најлошото е под име „ЕУ во распаѓање, а Германија во реактивен од“ и предвидува можност за „поголеми конфронтации“.

Според оваа проекција, меѓународниот поредок се урива по „децении нестабилност“, вредносните системи го губат своето влијание, а глобализацијата е запрена, пренесува германскиот весник.

Како што се наведува, „проширувањето на ЕУ во голема мера е заборавено“ како идеја, а Унијата ја напуштаат уште некои земји.

„Европа ја губи својата глобална конкурентност“, констатирале во студијата експерти на Бундесверот.

Тие сметаат дека „сè повеќе несредениот, делумно хаотичниот и конфликтен свет предизвикал драматични измени во безбедносно-политичкото опкружување на Германија и на Европа“.

Според друго сценарио, насловено „Западот против Истокот“, некои источни држави на ЕУ ги замрзнуваат евроинтеграциите, а други „се приклучуваат на источниот блок“.

Уште едно сценарио, под името „Мултиполарна конкуренција“, предвидува зајакнување на екстремизмот додека неколку партнери во ЕУ му се приближуваат на политичкиот модел на Русија.

Документот не наведува стриктно некаква прогноза, но сите сценарија, според авторите, „се можни до 2040 година“, наведува „Шпигл“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...