Бесими: Проекциите за БДП и јавниот долг се далеку полоши во однос на финансиската криза во 2009 година

-

На денешната средба со претставниците од Македонската банкарска асоцијација, министерот за финансии Фатмир Бесими оцени дека добро е што финансискиот сектор е стабилен во време на кризата што ја предизвика корона вирусот.

Но, ситуацијата со економијата е сериозна, а за тоа според Бесими, најдобар показател се БДП и јавниот долг, чии проекции се далеку полоши во однос на финансиската криза од 2009 година.

„Сега само во првиот квартал имавме пад на БДП околу 6,5 проценти, а со вториот квартал 12,7 проценти. Значи скоро четири пати падот на БДП е поголем во вториот квартал сега во однос на третиот квартал во 2009 година. Јавниот долг тогаш беше 26,7 од БДП, а сега сме на 39,5 проценти,“ изјави Бесими.

Министерот за финансии како позитивни ги оцени индикаторите за вкупните депозити кои се 5,2 проценти, а кредитната активност е 8,8 проценти раст на годишно ниво.

Од Македонската банкарска асоцијација (MБA) уште еднаш потврдија дека банкарскиот сектор е стабилен, со високо ниво на капитализираност и ликвидност, а сите банки работат со добивка.

Претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева, се осврна на реализираните и тековните активности на асоцијацијата од почетокот на ковид-кризата до денес.

„Банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити. Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките, штедилниците и банкарскиот систем,“ истакна Стевкова-Штериева.

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на...