fbpx

Народна банка очекува постепено забрзување на економскиот пораст следниот период

-

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 2,25 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на редовната седница.

На седницата, исто така било констатирано дека, според податоците од првите два месеци, има поволни поместувања во економијата видливи преку забрзаниот раст на индустријата и трговијата, како и преку значителното забрзување на растот кај градежништвото.

„Ова, дополнето со стапка на раст на економската активност во изминатата 2018 година од 2,7 проценти која што е над проектираната, соодветствува со очекувањата за постепено забрзување на економскиот раст во наредниот период. Кога станува збор за инфлациските движења, просечната годишна стапка на инфлација во првиот квартал на 2019 година изнесува 1,2 проценти, што е под проектираното ниво со октомвриската проекција.Во вакви услови, ризиците околу проектираната стапка на инфлација за оваа година од околу 2% тековно се оценуваат како надолни“, се вели во соопштението

Во првите два месеци има малку поголем трговски дефицит од очекуваниот за првото тримесечје на годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...