fbpx

Ученици подгответе се, национално тестирање во училиштата од септември

-

Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември. Ова тестирање е предвидено со програмата на Владата, како и во законот, чија примена се планира да започне од новата учебна година.

Законот кој е во подготовка, ќе содржи повеќе новини, а свои сугестии и предлози ќе даде и јавноста.

– Националното тстирање е тип на надворешна евалуација која не влијае на успехот на учениците, ниту пак, на каков било начин врз наставниците. Ќе дава резултати преку кои ќе увидиме што и како учениците научиле, а тоа ќе биде потребно за понатамошно конципирање на образовните политики. Јас сакам да се случи, да се воведе поскоро. Концептот ќе го дефинираме со сите засегнати страни – вели министерот Арбер Адеми во интервју за „Независен весник“.

Резултатите од овие тестови нема да влијаат на успехот на учениците и на платата на наставниците, како што беше случај со екстерното тестирање кое беше укинато. Резултатите, како што во МОН веќе објаснија за „Мета“, ќе се користат за да се скенира состојбата и врз нивна основа ќе се креираат понатамошните образовни политики.

Неодамна образовни експерти за „Мета“ изјавуваа дека национално тестирање е неопходно за да се скенира фактичката состојба во системот на образование. Ставовите, пак, на практичарите, односно на наставниците и професорите се поделени.

– За да може да се знае за овие состојби, потребна е точна информација, а тоа може да се постигне со националното тестирање. Иако не може сè да се провери со еден тест, сепак тој е важен и потребен. Националното тестирање сметам дека е подобро конципирано од екстерното и е порелаксирано, бидејќи реално мислам дека не би ги потресло учениците и наставниците – вели проф. д-р Кирил Барбареев, проректор и професор на Факултетот за образовни науки во Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...