недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: оценки | 28 резултати

Дојавите за бомби го искомплицираа оценувањето на средношколците за тримесечјето

ноември 10, 2022

Дојавите за поставени бомби во скопски училишта за средно образование, за кои се покажува дека се лажни, во шест наврати го прекинуваа наставниот процес. Тоа значеше губење часови, како и неможност професорите да ги тестираат и испрашаат учениците, за да можат да им напишат оценки за тримесечјето, како што налага законот. Училиштата досега не добиле […]

Средната оценка на државната матура годинава е 3,78, лани била 3,61

јули 1, 2022

Од денеска на пладне, се објавени прелиминарните резултатите од државната матура, што е за 12 дена порано од законскиот рок, информираат во Државниот испитен центар (ДИЦ). Оттаму додаваат дека резултатите се испратени до училиштата, а секој кандидат може и електронски да провери што добил на тестот на следниот линк. „Државната матура оваа година се реализираше […]

Ќе добијат ли учениците навреме свидетелства за да можат утре да се запишат во средно?

јуни 13, 2022

Електронското пријавување за упис во средно образование е утре и задутре, па затоа во многу основни училишта низ државата, за денеска е закажано доделување на свидетелствата за деветто одделение. Во некои училишта се делеле свидетелства и викендов, а во некои пак, закажано е доделување вечерва во 18:30 часот. Директорите со кои поразговаравме велат дека не […]

За прв пат годинава учениците ќе добијат додаток на свидетелство

јуни 2, 2022

Годинава нема да се повтори минатогодишниот проблем кога во основните и средните училишта недостасуваа свидетелства за учениците, поради што доцнеше процесот на доделување, уверуваат надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО). Оттаму информираат дека за учениците од трета и четврта година средно образование, веќе се поделени свидетелствата затоа што се завршни години, a oстанатите […]

„Крпен студентски живот“: Едвај тројка за животот во скопски студентски дом

јануари 22, 2020

На скалата од 1 (многу лош) до 5 (одличен),  квалитетот на живот во студентските домови, студентите го оцениле со просечна оценка од 2,93. Просечната оцена за животот во „Стив Наумов“ е 2,51, Во „Гоце Делчев“ – 3,79, а во „Кузман Јосифовски Питу“ е 2,5. Ова го покажало истражувањето за животниот стандард на станарите што живеат […]

Во изборна година економијата замира

јануари 8, 2020

Актуелните економски политики пресликани во буџетот за 2020-та навестуваат година во која ќе растат платите на буџетарите, пензиите на пензионерите, дел од даноците ќе се намалуваат, дел незначително ќе се зголемуваат. Банкарите, според досегашните анкети очекуваат стабилна банкарска година во која внимателно ќе одобруваат кредити. Но, дел од стопанствениците за „Порталб.мк“ велат дека 2020, имајќи […]

Цело полугодие нема СМС-пораки со оценките на учениците

декември 11, 2019

Во текот на првото полугодие, родителите воопшто не добиваат смс-известувања за поведението, за успехот и за бројот на изостаноци на нивните деца. Во меѓувреме наставниците продолжуваат да пополнуваат податоци освен во пишаниот и во електронскот дневник, бидејќи тоа е законска обврска која продолжи и со новиот Закон за основно образование. – Точно е дека родителите […]

Ученици подгответе се, национално тестирање во училиштата од септември

јуни 3, 2019

Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември. Ова тестирање е предвидено со програмата на Владата, како и во законот, чија примена се планира да […]

Почна бркањето врски – родители молат за уште една шанса и за петки во дневниците 

мај 15, 2019

Како што се приближува крајот на учебната година, во училиштата сè почести стануваат ургенциите за повисоки оценки. Родители бараат оценка плус за своите деца, посебно оние во повисоките одделенија, затоа што крајните оценки во предметна настава се важни при уписот во средно училиште. Во овој период, и во основно и во средно образование во тек […]

Најголемиот број наставници оценките ги вадат од ракав, тврдат просветните инспектори

мај 14, 2019

Просветните инспектори во делот „Настава и учење“ во нивниот последен извештај за квалитетот на воспитно-образовниот процес, констатирале дека слаба страна на наставниците е изготвувањето на критериуми за оценување на учениците. Таму е наведено дека најголем број наставници во државата, не изготвуваат и не користат критериуми за оценување. Наставници со кои поразговаравме, се изненадени од ваквата […]

Едвај тројка за училиштата од просветните инспектори, само шест добија четворка

мај 6, 2019

Со оценка 2,77 просветните инспектори го оцениле квалитетот на воспитно-образовниот процес во македоските училишта. Ова стои во последниот извештај на Државниот просветен инспекторат, кој се однесува на квалитетот на наставата во основното и во средното образование. Вакви извештаи инспекторатот подготвува еднаш годишно, за секоја измината учебна година. Оценката се дава по претходна проверка на наставните планови […]

Избрана фирма што ќе го одржува е-дневникот

декември 19, 2018

Постапката за избор на компанија која ќе го одржува електронскиот дневник е завршена, односно избрана е компанијата „Сорсикс“ и потпишан е договор, информираa денеска за „Мета“ во Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму потенцираат дека сите податоци кои наставниците не ги внесуваа од почетокот на учебната година, ќе треба да ги внесат затоа што […]

Екстерното се укина, државното никако да почне

ноември 16, 2018

На почетокот на оваа учебна година, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов најави дека државата ќе спроведе тестирање на државно ниво кое треба да ги замени екстерните тестови. Првото тримесечие од оваа учебна година измина, а сè уште е неизвесно од кога би почнало да се спроведува ова тестирање. Министерот Арбер Адеми досега не […]

Вучиќ: Ова ми е последен мандат

октомври 31, 2017

Повеќепати кажав дека ова ми е последниот мандат, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто што вчера го даде за српската телевизија „Пинк“, зборувајќи за неговите политички непријатели. Тој првин ја разчисти дилемата околу оценките на факултетот, која стана актуелна откако шефот на пратеничката група на Српска напредна странка, Александар Мартиновиќ, во српското Собрание ги […]

Ѓорчев очекува продлабочување на односите, Шекеринска разочарана од поразот на Клинтон

ноември 9, 2016

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, е разочарана што во Белата куќа не влезе жена претседател, додека Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ очекува продлабочување на односите меѓу САД и Македонија, по завршувањето на изборите во двете земји. Ова се оцeнките на Шекеринска и на Ѓорчев по изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Шекеринска, Ѓорчев […]

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не може да ги поправи штетите од екстерното тестирање

јули 7, 2016

„По сите штетни последици што ги нанесе на образованието со екстерното оценување, ВМРО-ДПМНЕ почна да се повлекува. Со новите законски решенија ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да ги поправи штетите што ги нанесе. Само се обидува да ги ублажи последиците по партискиот рејтинг. Решенијата со кои се менува терминот на примена на екстерното оценување и чудното решение оценките од […]

Екстерното излегува од сведителството и ќе почнува од шесто одделение

јули 6, 2016

Резултатите од екстерното тестирање нема да влегуваат во конечниот успех на ученикот, односно нема да влијаат врз просекот на успехот и на оценките во сведителствата, предвидуваат измените на Законот за основно и за средно образование, кои се во собраниска процедура. Ќе се воведе додаток во сведителството во кој ќе се наоѓаат резултатите од екстерното тестирање, […]

СДСМ: Екстерното тестирање е погрешно и непрецизно, оценките да бидат поништени

јуни 12, 2016

Оценките од небулозното екстерно тестирање не смеат да се внесуваат во свидетелствата на учениците, тие треба да бидат поништени. Ова тестирање е погрешно и непрецизно и не може ништо да измери, вели претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов. – Учениците и родителите се под стрес. Наставниците се понижени со одземање на правото […]

Екстерно тестирање: Многу стрес, дискутабилна објективност

јуни 9, 2016

Утре (10 јуни) завршува екстерното тестирање за учебната 2015-2016 година, кое почна на 7 јуни. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат […]

Државната матура без проблеми

јуни 4, 2016

Во сите средни училишта во Република Македонија денеска без никакви проблеми помина полагањето на задолжителниот предмет од државната матура, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Државниот испитен центар соопшти дека испитниот материјал до сите училишта бил доставен навремено и во согласност со пропишаните правила и процедури. Испитот во […]

Страна 1 од 2