Ералдин Фазлиу: Во Косово најчести се дезинформациите што доаѓаат од политичарите

Ералдин Фазлиу, главниот уредник на „Приштина Инсајт (Prishtina Insight), во интервју за „Порталб.мк вели дека најчести се дезинформациите кои доаѓаат од косовските политичари. Тој истакнува дека еден од големите проблеми на Косово е дезинформирањето со визуелни елементи. Се користат фотографии и слики добиени од некое друго место, застарени слики или погрешени и несоодветни. Со ова се прави обид да се создаде паника и таквите вести имаат потенцијал да ги вознемират луѓето дури и да ја загрозат индивидуалната како и јавната безбедност.

Кои се најголемите предизвици со процесот на дезинформирање во Косово?

– Во Косово, често се случува дезинформациите и погрешното информирање се случуваат поради слабото информираност на самите новинари правејќи така и ненамерни грешки кои потоа се шират како голем бран на невистини. Исто така, еден од големите проблеми во Косово е дезинформацијата со визуелни елементи. Се користат фотографии и слики добиени од некое друго место, застарени слики или погрешени и несоодветни. Со ова се прави обид да се создаде паника и ваквите вести имаат потенцијал да ги вознемират луѓето дури и да ја загрозат индивидуалната како и јавната безбедност. Имаме закон за пристап до службените документи, но имаме случаи кога ни се даваат половични документи, или пак не ни ги даваат воопшто бидејќи се третираат како доверливи или државна тајна. Постојано наоѓаат оправдувања да не ги дадат документите кои ни требаат. Но Криптометриво Косово ги разоткрива сите невистини и дезинформации тргнувајќи од функционерите, политичарите, па сè до колегите новинари.

Кои се најчестите дезинформации и манипулации во Косово?

Тешко е да се категоризираат во почести бидејќи има најразлични. Дезинформациите што доаѓаат од политичарите се најчести. Го имавме најеклатантниот случај кога претседателот на државата јавно му вели на новинар дека лаже за прашање од јавен интерес, и тоа десетина пати, но фактички новинарот не лажеше и беше сосема во право.

Од каде потекнуваат дезинформациите?

– Односите помеѓу Косово и Србија се посебна сфера каде има најмногу дезинформации. Ова е како последица и на јазичната бариера но и поради отворените прашање помеѓу двете земји и потенцијалот за етнички тензии меѓу двете земји. Медиумите на Србија пренесуваат невистини за Косово било да се од нив самите или пак се добиени од српски функционери, и тоа понекогаш се пренесува без да се провери и се лошо преведени и погрешно толкувани и кај нашите медиуми.

Дали се активни медиумските здружение во борбата против дезинформациите?

Го имаме Советот на pечатени медиуми (СПМК) тело за саморегулација во кое членуваат најсериозните медиуми во земјава. Тие јавно дискутираат и интерно носат одлуки и контра мерки за некој медиум или за санирање на штетата предизвикана од погрешното информирање. Организираат семинари и обуки. Но, проблемот е во тоа што во ова здружение не членуваат сите онлајн медиуми бидејќи има многу портали за кои нема податоци туку и дезинформираат. Има и организации кои преку проекти се обидуваат да спроведат активности против лошото информирање, да пишуваат и да организираат јавни настани. 

Дали косовската влада планира да преземе активности против дезинформациите и колку е активна?

– Нема некоја посебна активност. Дури, тоа што ја прави ситуацијата полоша е дека голем број ресори на Владата плаќаат реклами во непознати и нерегистрирани онлајн медиуми. За политички маркетинг и нивните политички активности, одредени министерства плаќаат не-кредибилни медиуми. Дури зад ваквите медиуми стојат луѓе од самите министерства.