fbpx

Три понуди на тендерот за автопатот Скопје – Блаце, изградбата ќе почне напролет

-

„Гранит“ и „Бетон“ од Скопје и бугарската компанија „ИСА 2000“ се заинтересирани да ја градат првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во изјава за „Мета.мк“ потврдува дека на вториот по ред тендер биле доставени три понуди, кои беа отворени на 29 ноември – датум што претставуваше и краен рок за нивното доставување.

– Во моментов се врши евалуација на пристигнатите понуди согласно законските процедури. Во овој момент не може да се прецизира кога точно ќе започнат градежните работи на терен, но индикативно може да се очекува тоа да биде пролетта 2020 година – велат од ЈП за државни патишта.

Очекувањата се овој пат тендерот да биде успешно завршен, да се избере најповолен понудувач и изведувачот да се воведе во работа на изградба на првите два километра од автопатот Скопје – Блаце. Целокупната траса на оваа делница изнесува 12,5 километри. За втората етапа од реализацијата на автопатот се планира тендерот за избор на изведувач да се распише во периодот април – јуни 2020 година.

ЈП за државни патишта во октомври годинава го поништи првичниот тендер за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Образложението на ова претпријатие беше дека на тендерот била доставена само една понуда, чија цена за изведба на двата километра го надминала буџетот предвиден за реализација на проектот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...