среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: автопат Скопје – Приштина | 21 резултати

Државата очекува првата фаза од автопатот Скопје-Блаце да се заврши претстојново лето

јануари 15, 2021

И покрај влијанието на моменталната состојба со ковид-19 и проблемите што се јавија со експропријацијата на земјиштето пред неколку месеци, од Јавното претпријатие за државни патишта очекуваат изведувачот да го испочитува рокот за завршување на градежните работи на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. При потпишувањето на […]

Лани се работеше на изведба, годинава ќе се пуштаат нови патишта, роковите остануваат менлива категорија

јануари 10, 2021

Северна Македонија годинава очекува засилен развој на патната инфраструктура и пуштање во употреба на неколку нови патишта коишто се градеа во изминатите години. И покрај вообичаените доцнења кај изведбата на проектите од цел спектар на вообичаени проблеми што лани беше надополнет со ковид-19 пандемијата, во 2021 година подобрувањето на патната инфраструктура ќе биде особено видливо […]

Автопатот, пругата, гасоводот и заедничкиот граничен премин ветени во Приштина меѓу Бочварски и Абраши

октомври 29, 2020

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска престојуваше во официјална посета на Приштина, каде што се сретна со неговиот косовски колега Арбан Арбаши. На средбата се дискутирало за неколку инфраструктурни проекти, кои би овозможиле посилен регионален развој, информираат од Министерството за транспорт и врски. Во однос на ветената изградба на заедничкиот железнички граничен премин […]

Тендерот за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце ќе се објави догодина, изградбата ќе почне во 2022 година

октомври 19, 2020

Во третиот квартал од 2021 година се очекува да се објави меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, долга околу 10,5 километри. Досега за идната автопатска делница е изработено нацрт идејно решение, со кое треба да се избере најповолната алтернатива за трасата на автопатот, информираат за „Мета.мк“ […]

Завршени 50 отсто од експропријацијата на земјиштето на трасата на автопатот Скопје-Блаце

јули 28, 2020

Поради состојбата со ковид-19, изградбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце заглави на експропријацијата на 68 имоти низ кои треба да минува трасата. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека експропријацијата на земјиштето досега е реализирана во над 50 отсто од трасата. – Поради состојбата со ковид-19, Министерството за финансии, односно Управата […]

Корона вирусот ја забави изградбата на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

мај 4, 2020

Епидемијата со корона вирусот во земјава ја забави изградбата на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во моментов ја средува експропријацијата на земјиштето низ кое ќе минува идниот автопат, додека на самиот терен се одвиваат подготвителни работи за изведба на трасата долга 2 километри. Од вкупно 68 имоти низ […]

Стопанствениците бараат да се забрза изградбата на автопатот Скопје – Блаце

март 3, 2020

Доколку не може да се забрзаат подготовките и процесот на изградба на автопатот Скопје – Блаце, тогаш барем да се испочитува ветениот рок од 2023 година за пуштање во употреба на делницата долга 12,5 километри. Ваков е ставот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во однос на актуелните рокови за изградба на овој автопат до […]

Автопат Скопје – Блаце: Две децении ветувања за 12,5 километри дупки и нерамнини (видео)

февруари 28, 2020

Македонскиот главен град го делат околу 20 километри пат до границата со Косово. Јадранската магистрала денес е преполна со дупки и нерамнини има застарена сообраќајна сигнализација и заштитни огради на патот, како и неосветлен тунел што се наоѓа на трасата. Максималната брзина на движење на возилата е од 60 до 80 километри на час, па […]

Договор за првата фаза од автопатот кон Косово, експропријацијата допрва ќе се решава

јануари 16, 2020

Околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ, ќе чини изградбата на првите два километра од автопатот Скопје – Блаце. Во просториите на владата денеска беше потпишан договорот со „Гранит“ за изведба на првата фаза од проектот, којшто ќе овозможи наредното лето да се стави во функција оваа секција од автопатот. Првите два километра се градат […]

„Гранит“ ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

јануари 15, 2020

„Гранит“ од Скопје и официјално е избран за најповолен понудувач за изведбата на првите два километри од автопатот Скопје – Блаце. Во просториите на владата утре и официјално ќе се потпише договорот за изведба на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. […]

Три понуди на тендерот за автопатот Скопје – Блаце, изградбата ќе почне напролет

декември 5, 2019

„Гранит“ и „Бетон“ од Скопје и бугарската компанија „ИСА 2000“ се заинтересирани да ја градат првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во изјава за „Мета.мк“ потврдува дека на вториот по ред тендер биле доставени три понуди, кои беа отворени на 29 ноември – датум што претставуваше и краен рок […]

До крајот на ноември ќе се прибираат понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

октомври 21, 2019

Јавното претпријатие за државни патишта го објави вториот по ред тендер за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. До 29 ноември ќе биде отворен тендерот за доставување на понуди од заинтересираните градежни компании, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач. Финалната цена по која ќе се гради трасата долга […]

Нов тендер за автопатот Скопје – Блаце поради прескапа прва понуда

октомври 18, 2019

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Наредниве денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри. – До крајниот рок за доставување на понуди поднесена е една […]

Автопатот „Арбен Џафери“ отворен за сообраќај од Приштина до Блаце

мај 29, 2019

Косово денеска го пушти во употреба новиот автопат „Арбен Џафери“ што ја поврзува Приштина со Скопје. На свечениот чин присуствуваше целиот државен врв на Косово, македонскиот премиер Зоран Заев, собранискиот спикер Талат Џафери и црногорскиот премиер Душко Марковиќ. На автопатот долг 65,5 километри се наоѓа највисокиот и најдолг мост на Балканот, кој во должина од […]

Политичарите се караат, изградбата на автопатот Скопје – Блаце доцни

мај 21, 2019

Власта и опозиција на вчерашната собраниска седница се испокараа околу проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека власта нема ниту еден камен поместено за изградба на оваа автопатска делница. – Едно од изборните ветувања и дел програма на оваа влада беше изградбата на автопатот Скопје […]

Автопатите „Арбен Џафери“ од Блаце до Приштина и низ Грделичка клисура готови до крајот на мај

мај 8, 2019

Македонските граѓани од крајот на мај во Србија и Косово ќе можат да патуваат по нови автопати. Двете земји, во речиси идентичен период, ја завршуваат изградбата на двата автопати што ќе обезбедат побрзо патување до Приштина и Ниш. Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ денеска најави дека во наредните 10 дена ќе […]

Заев предлага заеднички компании со Косово за струјата, железницата и авиосообраќајот

декември 12, 2017

Македонскиот премиер Зоран Заев на денешната средба во Приштина со бизнисмените од Косово, потсетил дека Македонија и Косово покренале иницијатива за формирање на заедничка економска зона, царинска унија и олеснување на граничните процедури и порачал дека двете земји имаат заеднички интерес за формирање заеднички компании и оператори за менаџирање на енергетската мрежа, железничкиот и авио-сообраќајот, се […]

Страна 1 од 1