fbpx

Протест не е „окупација од пакистански исламисти на Грција првпат во 1830-тите“

-

Грчкиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Елиника Хоуксис“ во еден од своите текстови се зафаќа со штрајк на работници од Пакистан во 2014 година пред Градското собрание на Скала во регионот Лаконија , кој од националистичките медиуми и поединци во Грција тогаш бил наречен „окупација од пакистански исламисти, првпат по ослободувањето на Грција во 1830-тите“, односно дека демонстрантите упаднале во објектот и прогласиле Шеријат, а во последно време истите тврдења со фотографии од протестот повторно се објавуваат на социјалните мрежи и на некои портали и блогови.

„Елиника Хоуксис“, цитирајќи каде се е пласирана лажната вест со автентични фотографии, вели дека тврдењата се невистинити.

Она што се случи, пишува сервисот, поткрепувајќи го тврдењето со низа цитати на новинарски извештаи, е дека во почетокот на јули 2014 имало протести на Пакистански работници во Скала, кои се бунтувале против полициската бруталност и експлоатацијата на која што биле изложени.

„Најголемиот марш се случи на 7 јули 2014 година, со учество на 800 лица. На 6 јули, пак, при штрајкот, протестниот марш заврши пред Градското собрание, кое беше затворено, оти беше недела и никој не влезе во него, а потоа и пред полициската станица. Маршот беше мирен и не се забележани инциденти. Демонстрантите закачија транспарент на објектот на Градското собрание и заминаа. Претседателот на пакистанската заедница во Грција одржа говор од неколку минути пред Градското собрание и луѓето се разотидоа. Јасно е дека мирен протестен марш во контекст на работнички штрајк не може да се смета за ,окупација на грчка територија’, посебно бидејќи не се обидоа да завземат јавен објект“, пишува „Елиника Хоуксис“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...