fbpx

Нов тендер за автопатот Скопје – Блаце поради прескапа прва понуда

-

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Наредниве денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри.

– До крајниот рок за доставување на понуди поднесена е една понуда која го надминува буџетот предвиден за оваа јавна набавка – велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта.

Од ова претпријатие во текот на септември пробаа преку продолжување на рокот за доставување на понуди да привлечат повеќе градежни компании што би сакале да ја градат првата фаза и би доставиле поконкурентни цени, но обидот заврши без успех.

Вториот по ред тендер треба да обезбеди компанија што ќе го гради автопатот на потегот од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце, при што делницата треба да отпочне да се изведува до почетокот од 2020 година. Првата фаза од овој автопат е предвидено да се заврши во рок од 18 месеци.

Во периодот април – јуни догодина ќе биде изработена проектната документација за втората етапа од автопатот, по што ќе се распише тендер и за нејзината изградба.

Од ЈП за државни патишта се надеваат дека следната година ќе овозможат континуитет во изградбата на двете фази од целата траса на автопатот Скопје – Блаце. Според владините проценки, проектот вреден околу 110 милиони евра треба да се заврши во 2023 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...