Трамп издаде наредба за забрана на „TikTok“ и „WeChat“ во САД доколку кинеските компании не ги продадат американските филијали

ТикТок
Круцијална година за ТикТок / фото: visuals на Unsplash

Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои ќе се забрани социјалната мрежа „TikTok“, како и апликацијата „WeChat“, да работат во САД доколку нивните матични компании, кои се во кинеска сопственост, не ги продадат.  Наредбите би стапиле на сила за 45 дена, односно толку време имаат кинеските компании да ги продадат своите американски удели. Овој потег доаѓа по притисокот околу преговорите за иднината на популарната видео апликација. Претходно Трамп изјави дека ќе го забрани „ТикТок“ да работи во Соединетите држави.

Во наредбата се наведува дека „ТикТок“ автоматски користи информации од своите корисници, „како што се податоците за локација и историјата на прелистување и пребарување, што„ се заканува дека ќе ѝ овозможи на Кинеската комунистичка партија пристап до личните и комерцијалните информации на Американците – потенцијално дозволувајќи и на Кина да ги следи локациите на федералните вработени и изведувачи, градејќи досиеја со лични информации за уцена и спроведување на корпоративна шпионажа“.

Непосредно по издавањето на наредбата во врска со TikTok, Трамп издаде слична наредба за WeChat, групна апликација за разговор во сопственост на Tencent, кинеска компанија.

Компанијата „Мајкрософт“ во неделата објави дека е во разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за купување на дел од ТикТок од кинеската компанија „БајтДенс“ (ByteDance). А Трамп веќе во понеделникот го постави 15 септември како краен рок за „TikTok“ да најде американски купувач. Неуспехот да се реализира тоа, рече тој, ќе го натера да ја затвори апликацијата во земјата. Трамп исто така рече дека секој договор ќе мора да даде „значителна сума пари“ за Министерството за финансии.

Многу од обожавателите на „TikTok“ се во паника околу неизвесната иднина на апликацијата. По заканата на Трамп, корисниците на „TikTok“ ширум САД започнаа со видеа во живо и објавуваат видеа за она од што се плашат, а тоа е крај на апликацијата. Други бараат стратегии и начини како да се справат со забраната, обидувајќи се да измамат сервери за да изгледа како да ја користат апликацијата од друга земја каде е дозволено да работи TikTok.

Заканата на Трамп да ја затвори платформата, доаѓа еден месец откако трик организиран главно преку TikTok доведе до слабо посетен митинг за кампањата на Трамп во Тулса, Оклахома. Луѓето се регистрира преку Интернет за бесплатниот настан, но не се појавија на истиот.