fbpx
Таг: Владимир Путин

таг: Владимир Путин

Путин: Операциите на меѓународната коалиција во Сирија се без резултати

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека воената операција на меѓународната коалиција, предводена од САД, во Сирија, не дава никакви резултати. Путин предупреди дека оружјето што Вашингтон го доставува во Сирија би можело повторно да се најде во рацете на терористите. - Сега соопштија дека од авион ја снабдуваат со оружје Слободната сириска армија. Каде е таа Слободна сириска војска? Нема ли...

Путин му ја честиташе изборната победа на Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе изборната победа и петтиот мандат на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Путин му испратил телеграма на Лукашенко во која се наведува дека „убедливата победа на изборите го покажува големиот политички авторитет на Лукашенко, како и довербата на луѓето во него на патот кон подобрувањето на социјалниот и на економскиот развој на државата“. Рускиот претседател...

Русија почна да стрела врз ИД во Сирија од бродови во Касписко Море

Русија истрелала ракети врз цели на Исламска држава во Сирија од воени бродови во Касписко Море, соопштил денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, јавува „Би-Би-Си“. Министерот Шојгу, цитиран од руските медиуми, изјавил дека од четири воени бродови биле истрелани 26 крстосувачки ракети врз 11 цели на ИД, кои биле уништени. Рускиот претседател, Владимир Путин, изразил пофалби до војската, истакнувајќи дека целите што биле...

Обама: Путин ќе се најде во сириско мочуриште

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД нема директно да се конфронтираат со Русија околу воздушната офанзива на Москва во Сирија. Обама е уверен дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе се најде во „сириско мочуриште“. Во исто време, Обама ги одобри предлозите за зајакнување на американските напори во борбата против Исламска држава. Тоа подразбира директни пратки на оружје, преку Ирак, на...

Путин: Асад мора да прифати компромис со умерената опозиција

Сирискиот претседател Башар ал Асад мора да биде подготвен на компромис со умерената опозиција, изјави рускиот претседател Владимир Путин. - Конечно и трајно решение на кризата во Сирија ќе биде можно само со политички реформи и со разговор со здравите сили во земјата - оцени Путин, додавајќи дека Асад е подготвен за „таков процес“. Изјавата на Путин доаѓа откако официјална Москва потврди дека...

Путин и Обама зад затворени врати зборуваа за решавање на конфликтот во Сирија

Русија не ја исклучува можноста за воздушни напади против милитантите на Исламска држава во Сирија, но нема да испраќа копнени сили во земјата, изјави рускиот претседател Владимир Путин по средбата со претседателот на САД, Барак Обама. Двајцата претседатели се сретнале на маргините на Генералното собрание на ОН. Ова е прва нивна средба во последните две години, а рускиот претседател по...

Путин повика на широка коалиција во борбата против ИД

Рускиот претседател, Владимир Путин, на Генералното собрание на Обединетите нации изјавил дека Москва константно се бори против тероризмот и дека ја снабдува сириската влада со воена опрема. Тој оцени дека соработката со терористите на Блискиот Исток довела до вооружен судир и дека несоработувањето со претседателот Башар ал-Асад е голема грешка, затоа што тој е борец против тероризмот. - Дали сфаќате што...

Путин со Меркел и со Оланд на 2 октомври во Париз

Рускиот претседател, Владимир Путин, на 2 октомври, во Париз, ќе има одвоени средби со германската канцеларка, Ангела Меркел, и со францускиот претседател, Франсоа Оланд, соопшти главниот советник на Кремљ. Путин нема да има одвоени разговори со украинскиот претседател Петро Порошенко. Путин и Порошенко ќе се сретнат во рамки на четиристраните преговори за решавање на украинската криза, рече политичкиот советник на Кремљ,...

Путин: Решение за Сирија преку поддршка за Асад

Решението за сириската криза е во зајакнување на актуелната легитимна влада на Сирија и во постигнување дијалог, како и во помагање на сириските власти во борбата против тероризмот, изјави рускиот претседател Владимир Путин, во интервју за американската телевизија „Си-Би-Ес“. Тој одговорил потврдно на прашањето дали неговата земја се обидува да го спаси сириското раководство на чело со претседателот Башар ал Асад. - По...

Путин и Обама ќе имаат средба пред Генералното собрание на ОН

Рускиот претседател Владимир Путин ќе има билатерална средба со американскиот претседател Барак Обама за време на Генералното собрание на ОН, соопшти денеска Дмитри Песков од прес-службата ма Кремљ. - Средбата со Обама веќе е координирана – рече Песков, додавајќи дека Путин ќе има средба и со јапонскиот премиер Шинѕо Абе. Претходните извештаи навестуваа дека двајцата лидери ќе се сретнат за да...

Нетанјаху и Путин договориле координација

Израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху изјави дека на состанокот со претседателот на Русија, Владимир Путин, договорил двете страна да воспостават механизам за координација за да се спречат недоразбирањата и ненамерните судири на израелската армија и на руските сили распоредени во Сирија. - Тоа е многу важно за израелската безбедност и тоа е прв и јасен исход од овој разговор. Доволно е...

Оланд, Меркел, Порошенко и Путин телефонски разговарале за состојбата во Украина

Лидерите на Франција, Германија, Украина и на Русија синоќа телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и го поздравиле примирјето, кое во голема мера се почитува од 1 септември, соопштија од канцеларијата на францускиот претседател. Франсоа Оланд, Ангела Меркел, Петро Порошенко и Владимир Путин се договориле дека исто така е потребно „да се направи сè за да се задржи и специјалната...

Путин и Обама разговарале за создавање коалиција против екстремизмот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на создавање меѓународна коалиција против екстремизмот, велејќи дека за тоа веќе разговарал со американскиот претседател Барак Обама. На маргините на Источниот економски форум во Владивосток, Путин истакна дека за иницијативата разговарал со лидерите на Турција, Саудиска Арабија, Јордан и на други земји. - Навистина сакаме некој вид меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот....

Путин: Со Украина се управува од странство

Со Украина се управува од странство, што е понижувачки за украинскиот народ, оцени рускиот претседател Владимир Путин во посетата на Крим. - Уверен сум дека Украина, и покрај моменталните потешкотии, ќе се развива во вистинска насока и дека ќе се откаже од понижувачката практика со целата земја да се управува од странство – рече Путин алудирајќи на неколкуте странци кои...

Путин и Ердоган наесен ќе разговараат за „Турски тек“

Рускиот претседател Владимир Путин наесен ќе се сретне со турскиот колега, Реџеп Таип Ердога, и со двајца челници со кои ќе расправа за проектот „Турски тек“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Турскиот амбасадор во Москва денеска изјави дека во тек се разговорите за гасовод, кој би транспортирал руски гас во Европа преку Турција. Изјавите доаѓаат откако турските претставници вчера...

Обама го брани договорот со Иран

Претседателот на САД застана во одбрана на договорот што го постигнаа големите светски сили со Иран и ги повика тие што го критикуваа, американскиот конгрес и Израел, да предложат ново решение што ќе го спречи Техеран да произведе атомска бомба. - Ралноста е дека постојат две алтернативи, дипломатски начин или сила, односно војна – рече Обама вчера, еден ден откако за иранската нуклеарна...

Се урнал дел од руски воен објект, 23 војници загинати

Дваесет и тројца војници загинале откако ноќеска се урнал блок од руски воен објект во близина на сибирскиот град Омск, соопштиле службени лица, пренесува „Би-Би-Си“. По несреќата, 19 лица биле извлечени живи од урнатините, додека пет се водат како исчезнати. Во објектот во моментот на несреќата имало повеќе од 300 војници. Според медиумите, зградата чиј дел се урнал, минатата година била реновирана. Сомневањата...

Путин: Грција не побарала помош од Русија

Грција не побарала помош од Русија за решавање на должничкиот проблем, изјави Владимир Путин. Тој рече дека на кризата гледаат со големо внимание, но дека се надеваат оти кризата ќе биде решена наскоро. Путин запраша каде била Европската комисија кога се трупале проблемите на Грција и зошто не ја корегирала економската политика на претходната грчка Влада.

Путин бара разговор со Ципрас

Ненадејното пристигнување на министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, во претседателската палата и среде лидерската средба, разгоре информации дека рускиот претседател Владимир Путин бара директна линија со Ципрас. Според информациите, се очекува Ципрас за кратко, во текот на паузата од лидерската средба, да разговара со Путин. Неофицијално, Ципрас на лидерите на опозициските грчки политички партии, со кои разговара речиси четири часа, им побарал да...

Путин: Земјите од Блискиот Исток да ѝ помогнат на Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин ја повтори денеска поддршката на сирискиот претседател Башар ел Асад и апелираше до земјите од Блискиот Исток да се здружат во борбата против екстремистите на Исламска држава. Шефот на сириската дипломатија, Валид ел Моалем, имаше непланиран состонак со Путин во Кремљ, а потоа се сретна и со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Путин во...

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...