fbpx

Обама: Путин ќе се најде во сириско мочуриште

-

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД нема директно да се конфронтираат со Русија околу воздушната офанзива на Москва во Сирија.
Обама е уверен дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе се најде во „сириско мочуриште“.

Во исто време, Обама ги одобри предлозите за зајакнување на американските напори во борбата против Исламска држава.

Тоа подразбира директни пратки на оружје, преку Ирак, на курдските и на арапските борци кои изминатите неколку месеци ги потиснаа борците на ИД од поглемиот дел на Северна Сирија, по должината на турската граница.

Повеќе актуелни и поранешни американски официјални претставници изразија загриженост дека воздушните напади на Русија во Сирија може да наштетат на програмата за поддршка на бунтовниците, кои ЦИА веќе извесное време ги обучува и ги вооружува во борбата против сирискиот претседател Башар ал-Асад.

На прес-конференцијата во петокот во Белата куќа, Обама јасно стави на знаење дека нема намера директно да се спротистави на руските сили.

Обама реагираше луто на реакциите за американската слабост поради руските напади, вклучително и на одлуката на Путин да почне изненадни воздушни напади.

– Ова не е натпреварување. Господин Путин мораше да оди во Сирија не поради сила, туку поради слабоста на неговиот клиент, господинот Асад, кој пропаѓа – рече Обама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...