fbpx

Путин: Решение за Сирија преку поддршка за Асад

-

Решението за сириската криза е во зајакнување на актуелната легитимна влада на Сирија и во постигнување дијалог, како и во помагање на сириските власти во борбата против тероризмот, изјави рускиот претседател Владимир Путин, во интервју за американската телевизија „Си-Би-Ес“.

Тој одговорил потврдно на прашањето дали неговата земја се обидува да го спаси сириското раководство на чело со претседателот Башар ал Асад.

– По мое длабоко уверување, постапувањето во друга насока, насочено кон рушење на легитимната влада, ќе создаде ситуација која може да се види во другите земји од регионот, на пример, Либија, каде што се разрушени државните институции, а, за жал, слична е ситуацијата и во Ирак – рекол Путин.

Тој во интервјуто рекол дека само сирискиот народ има право да решава кој и како ќе владее со земјата и дека нема друг начин за решение на сириската криза освен зајакнување на актуелните државни инстутиции и нивна помош да се изборат со тероризмот.

Путин следната недела ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама на маргините на Генералното собрание на ОН.

На крајот од јуни, Путин им предложи на сириското раководство и на земјите од регионот, вклучувајќи ги и Турција, Јордан и Саудиска Арабија, да се здружат во борбата против ИД. Тогаш Москва ја повика меѓународната коалиција предводена од САД да соработува со сириските власти во борбата против ИД под капата на Советот за безбедност на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...