fbpx

Оланд, Меркел, Порошенко и Путин телефонски разговарале за состојбата во Украина

-

Лидерите на Франција, Германија, Украина и на Русија синоќа телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и го поздравиле примирјето, кое во голема мера се почитува од 1 септември, соопштија од канцеларијата на францускиот претседател.

Франсоа Оланд, Ангела Меркел, Петро Порошенко и Владимир Путин се договориле дека исто така е потребно „да се направи сè за да се задржи и специјалната Мисија на набљудувачите на ОБСЕ за тие да имаат постојан и сигурен пристап во одредени зони“, се наведува во соопштението од Елисејската палата.

Во соопштението е потврдено дека на почетокот од октомври ќе се одржи самит во Париз, иако Оланд во понеделникот навести дека можно е да се состанат кон крајот на септември во Њујорк, пред годишното заседание на Генералното собрание на ОН.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...