fbpx

Де Крешов: Мала е веројатноста меѓу бегалците да има терористи

-

Бегалската криза што ја потресе Европа е доволно голем предизвик сама по себе и не треба да се меша со тероризмот, смета координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил де Кершов.

Де Кершов во интервју за „Еуроактив Чешка“ рече дека би било голема грешка да се мешаат двата големи предизвика на ЕУ – мигрантската криза и тероризмот, имајќи предвид дека Исламска држава и Ал каеда не мораат да праќаат свои членови да бараат азил.

– Постојат многу луѓе родени во Европа кои немаат контакти со терористички организации, не патувале во странство, но се радикализирале преку интернет – го образложи Де Кершов својот став.

На прашањето за оние кои биле да се борат во странство, Де Кершов одговорил дека околу 5.000, ако не и повеќе, европски државјани отишле во Сирија и во Ирак.

– Да сум лидер на Исламска држава, попрво би зел Белгиец, Французин или Холанѓанец да се бори во странство. Тој има валидни документи и е незабележан од странските служби за безбедност. Ќе го вратам во Европа по обуката. Зошто би го инфилтрирал меѓу барачите на азил? – праша Де Кершов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...