fbpx

МВР: Таткото ја поставил камерата откако видел дека дадилката го удира детето

-

Денеска од Министерството за внатрешни работи излегоа со соопштение за случајот со осомничената дадилка за малтретирање на деветмесечно бебе во Скопје.

– Пријавената во периодот од мај до 1 септември 2015 година во Скопје, додека била ангажирана како негувателка задолжена за грижа за животот, здравјето и за негување на деветмесечно дете, го малтретирала и грубо се однесувала, од што истото пројавило проблеми со врескање во ноќните часови, невеселост и нервоза. На 20 август 2015 година, таткото на деветмесечното дете ненајавено влегол во домот и ја забележал Т.С. како со рака по лицето го удира, но истиот не изреагирал, сметајќи дека можеби се работи за негов превид. Наредните денови поставил видеокамера во својот дом за да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи пријавената, при што на 2 септември 2015 година ја извадил видеоснимката и забележал како го малтретира и тепа детето, грубо се однесува кон него, со викање, навредување, штипење за рацете, грубо тресење во релаксаторот и во раце, тегнење на ушите и со други облици на грубо однесување“, пишува во соопштението на МВР.

Таткото доставил мемориска картичка со снимен видеоматеријал, кој е предаден на вештачење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...