Со Украина се управува од странство, што е понижувачки за украинскиот народ, оцени рускиот претседател Владимир Путин во посетата на Крим.
– Уверен сум дека Украина, и покрај моменталните потешкотии, ќе се развива во вистинска насока и дека ќе се откаже од понижувачката практика со целата земја да се управува од странство – рече Путин алудирајќи на неколкуте странци кои што се на клучните места во украинската власт.
Украина во декември минатата година доби нова влада во која се наоѓа една Американка, еден Грузиец, една Литванка.
– Се е тоа понижувачко за украинскиот народ. Украна ќе се опорави, ќе продолжи да се развива и да ја гради својата иднина со Русија – оцени Путин.
Рускиот претседател денес престојуваше во Симферопол каде што присуствуваше на седницата на регионалната влада посветена за развој на туризмот во Русија.