fbpx

Путин му ја честиташе изборната победа на Лукашенко

-

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе изборната победа и петтиот мандат на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Путин му испратил телеграма на Лукашенко во која се наведува дека „убедливата победа на изборите го покажува големиот политички авторитет на Лукашенко, како и довербата на луѓето во него на патот кон подобрувањето на социјалниот и на економскиот развој на државата“.

Рускиот претседател изразил надеж дека мерките што ќе ги преземе Лукашенко како шеф на државата ќе придонесат за развој на стратегиското партнерство меѓу двете земји, за зајакнување на сојузот помеѓу Русија и Белорусија, како и за унапредување на соработката во рамки на Евроазиската економска унија.

Путин, исто така, ја потврдил својата намера да продолжи заедничката конструктивна работа во корист на „братските народи на двете земји“.

Централната изборна комисија соопшти дека претседателот на Белорусија, Лукашенко, освоил 83,49 отсто од гласовите на претседателските избори и обезбедил петти мандат. Одѕивот на гласачите на претседателските избори во Белорусија бил 86,75 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...