fbpx

Могерини: Сите релевантни фактори во Сирија да седнат на иста маса

-

За да се стави крај на војната во Сирија, треба сите политички фактори, вклучувајќи ги и претставниците на Асад, да седнат на иста маса, вели високата преставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

– Сите релевантни играчи треба да седнат и да разговараат – изјави Могерини пред утрешниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија во Брисел.

Покрај тоа, таа додаде дека ЕУ ги поддржува напорите на специјалниот пратеник на Обединетите нации, Стефан де Мистура, да иницира политички дијалог меѓу Асад и умерената опозиција.

Овој став беше поддржан од неколку претставници на земји-членки, кои пред состанокот рекле дека Асад не може да биде долгорочно решение за Сирија, но потребно е да се разговара со него за формирање преодна влада.

Кога ја прашале како ќе ја оцени руската воена интервенција во Сирија, Могерини рекла дека тоа е комплицирано прашање, за кое не може да има недвосмислен одговор.

– Борбата против таканаречената Исламска држава е нешто за кое сите може да се сложиме, но исто така има и негативни аспекти, како што е упадот на руските борбени авион во турскиот воздушен простор – истакна Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...