fbpx

Обама: Клинтон згреши, но не ја загрози националната безбедност

-

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека тоа што Хилари Клинтон го користела личниот е-меил додека била на функцијата државен секретар било грешка, но дека со тоа не ја загрозила националната безбедност.

Обама изјави дека јавните службеници мораат да бидат претпазливи во однос на употреба и на користење на информации и на лични податоци.

Во емисијата на „Си-Би-Ес“, „60 минути“, Обама изјави дека тој не добил впечаток дека Клинтон имала намера да „прикрие некои информации”.

Обама, исто така, ги коментираше настапите на Доналд Трамп, додавајќи дека тој е во потрага по големо внимание.

– Не верувам дека ќе заврши како претседател на САД – додал Обама.

Обама, сепак, одбил да каже дали тој би сакал американскиот потпретседател Џозеф Бајден да се приклучи во трката за претседател.
Запрашан дали верува дека ќе освои и трет претседателски мандат, доколку е дозволено да се кандидира, Обама кратко одговорил „да“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...