fbpx

Обама го брани договорот со Иран

-

Претседателот на САД застана во одбрана на договорот што го постигнаа големите светски сили со Иран и ги повика тие што го критикуваа, американскиот конгрес и Израел, да предложат ново решение што ќе го спречи Техеран да произведе атомска бомба.

– Ралноста е дека постојат две алтернативи, дипломатски начин или сила, односно војна – рече Обама вчера, еден ден откако за иранската нуклеарна програма се постигна историски договор помеѓу Техеран и САД, Кина, Франција, Велика Британија и Германија.

Критичарите на Обама обвинуваат дека сакал по секоја цена да постигне договор со Иран и тоа за 18 месеци пред завршување на неговиот мандат.

Договорот е позитивно оценет во иранските медиуми и е наречен е „Дипломатска револуција 14 јули“, а иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, е наречен херој.

Белата куќа соопшти дека Обама во вчерашниот телефонски разговор со Владимир Путин му се заблагодарил за важната улога што Русија ја имала во постигнување на договорот.

Двајцата претседатели изразиле желба да соработуваат во решавање и на другите проблеми во светот, меѓу кои и Сирија и Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...