fbpx

Русија почна да стрела врз ИД во Сирија од бродови во Касписко Море

-

Русија истрелала ракети врз цели на Исламска држава во Сирија од воени бродови во Касписко Море, соопштил денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, јавува „Би-Би-Си“.

Министерот Шојгу, цитиран од руските медиуми, изјавил дека од четири воени бродови биле истрелани 26 крстосувачки ракети врз 11 цели на ИД, кои биле уништени.

Рускиот претседател, Владимир Путин, изразил пофалби до војската, истакнувајќи дека целите што биле гаѓани се на оддалеченост од 1.500 километри.

Како што пренесуваат медиумите, Русија ги отфрла тврдењата дека цел на нејзините напади, кои траат веќе една недела, не се позиции на Исламска држава.

Во меѓувреме, шефот на парламентарната комисија за одбрана и за безбедност на Ирак, Хаким ал-Замили, изјавил дека Ирак наскоро би можел да побара руски воздушни напади врз позиите на ИД на својата територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...